Норт Вест ќе има со што да се пофали во животот: Ќе стане дел од филмски проект на „Paramount Pictures“

Норт Вест ќе има со што да се пофали во животот: Ќе стане дел од филмски проект на „Paramount Pictures“

Објавена во: Stars // Филм

Норт ќе го позајми својот глас на анимиран лик и веруваме дека ќе заблеска...

Норт Вест со задоволство објавува видеа на ТикТок профилот кој го дели со својата мајка Ким, а тука веќе ја покажа својата смисла за хумор, кративните идеи за изработка на видеа, но и актерските способности.

Сигурно сето ова го забележале и режисерите од „Paramount Pictures“ кои ја ангажираа за претстојниот филм: „PAW Patrol: The Mighty Movie“. Станува збор за продолжение на анимираниот филм: „Paw Patrol: The Movie“, каде Норт ќе го позајми својот глас на еден од анимираните ликови.

Во овој проект ќе ја придружува својата мајка. За потсетување, Ким Кардашијан веќе го позајмуваше својот глас на Делорес, а тоа ќе го прави и во продолжението, за што се пофали и на Инсаграм.

Но, Норт и Ким не се единствените членови од семејството Вест-Кардашијан кои ќе учествуваат во снимањето на филмот, бидејќи можност доби и синот на Ким и братот на Норт, 7-годишниот Сејнт Вест.

Останатата екипа ја сочинуваат Кристен Бел, Серена Вилијамс, Кристијан Конвери, МекКен Грејс, Лил Рел Хавери и други.

Тоа што во филмот гласовите ќе ги позајмуваат Норт и Сејнт Вест, корисниците на социјалните мрежи не го прифатија добро. Така почна да се зборува на теамта „непо-бебе“ или „бебиња на непотизмот“, што е назив за децата на познатите личности од шоубизнисот, на кои сите врати им се отворени, затоа што родителите им се познати, влијателни и богати.

„Ништо ново, богатите и моќните и понатаму ги добиваат сите улоги. Не е ни чудно што го контролираат целиот наратив кој промовира дегенерација во општеството“ - напиша еден корисник на Твитер.

Без оглед на коментарите, веруваме дека Норт ќе се снајде и истакне во својата нова улога.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: