Носат несреќа и тага: Цвеќиња кои не треба да ги подарувате на мајките и бабите за 8 март
Бидете внимателни при изборот на цвеќе...
Иако многумина не знаат, секој цвет што некому му го подарувате, има одредено значење и порака. Затоа, кога му давате цвеќе на некој близок, не заборавајте да обрнете внимание каква симболика има, за да таа личност не биде навредена и да не стекне погрешно мислење.
Значењето на цвеќињата може да се гледа и по бојата, затоа треба да знаете дека сината значи верност и сонување, портокалова гордост и енергија, виолетовата боја претставува нежност, додека белата е симбол на невиност. Црвената значи љубов и убавина, зелената разбирање, а жолтата љубомора.
# Нарцис - овој цвет означува самољубов, но исто така е симбол за нов почеток. Но, бидете внимателни на кого му го давате овој цвет затоа што може да означува и презир.
# Ирис - симбол на достоинство, инспирација, слава и храброст. Жолт ирис означува страст, додека синиот поттикнува среќа.
# Зумбули - знак на верност и стабилност, ако е син, симболизира постојаност или континуитет.
# Божур - симболизира чест и богатство, како и среќен брак и напредок.
# Јасмин - жолтиот јасмин означува елеганција, а другите - посветеност.
# Магнолија - достоинство и елеганција. Ако е бела значи невиност, ако е розова, значи срамежливост и најчесто им се поклонува на девојчињата. Но, внимавајте, ако поклонете магнолија која предвреме цвета, тоа е сигурен знак дека сте вознемирени и нетрпеливи за нешто. Според старото верување, магнолиите означуваат неверство на мажите кои ги поклонуваат.
# Рози - цветот што најчесто се поклонува, во зависност од бојата, има различни значења. Црвена роза симболизира страст и љубов, иако можат да значат и благодарност и задоволство. Белите рози значат чистота, чесност и безгрешност. Жолтите рози можат да бидат симбол на радост, но и неверување и љубомора. Розите без трња може да значат љубов на прв поглед. Портокаловите рози се симбол на копнеж и маѓепсаност. Сините, заради вештачкиот начин за добивање на нивната боја, се симбол на невозможното.
# Лилјан - укажува бесконечна убавина, среќа, бесмртност, чистота и спасение.
# Бамбус - симбол на лојалност и цврстина на бракот.
# Орхидеја - желба за успех. Исто така, симболизира љубов, убавина, романса и желба за интимност. Таа честопати се поклонува за да се посака брзо закрепнување. Исто така, претставува желба за успех во кариера.
# Лале - симбол на гордост и слава. Црвените лалиња се врзани за љубовта, а жолтите се безнадежна љубов. Розевите лали значат грижа, виолетови достоинство, а белите прошка.
# Мимоза - симбол на сигурност и доверба, исто така означува луксуз и моќ. Таа е исто така симбол на љубезност.
# Сончоглед - овој цвет е симбол на сила, гордост, восхит и обожување. Може да значи и ароганција. Ако му ја дадете на некој близок, тоа означува подготвеност целосно да му се посветите.
# Љубичица - лојалност и верност.
# Хортензија - тие претставуваат срдечност и се поклонуваат кога сакате се смирите со некој. Исто така, на гробишта честопати се носат хортензии при изразување сочувство.
# Гладиоли - најчесто значат јачината на карактерот. Но не треба да им ги давате на најблиските.
Цвеќиња кои не се подаруваат на жените:
Цветови кои немаат пријатно значење се бегонија - означува црни мисли, лаванда претставува недоверба, далија што означува непостојаност. Хризантемите се цвеќиња што се носат на гробиштата. За тажни моменти, исто така се поклонуваат и кринови.