Носењето на заштитни маски и кожата: Како да го спречите „нередот“ на лицето во летните денови?
Освен телефоните, клучевите, паричниците и кармините за усни, пред да излезете од дома во вашите чанти ги ставате и маските за лице.
Коронавирусот го промени нашето секојдневие во кое сега ни е нормално задолжителното ставање на маски пред да влеземе во градски превоз, маркет или било која друга локација.
Прашањето поради кое многу девојки и жени си го поставија е како под маските, особено во топлите летни денови, да ја одржат кожата здрава.
Во продолжение прочитајте неколку совети кои би можеле да ви помогнат на оваа тема.
# Зошто носиме маски на лицето?
Кога киваме, кашламе, разговараме... во воздухот емитуваме честички кои потенцијално може да доведат до зараза. Маските за лице може да го намалат ширењето на тие честици што е особено важно, бидејќи некои луѓе може да се заразени, а да немат симптоми. Исто така, може да се намали и бројот на честички кои се вдишуваат.
За време на летните месеци и големите топлини, платнените маски кои многумина ги носат може да се навлажнат, па би било добро секогаш со себе да имате резервна опција. Покрај сево ова, еднакво важно е и редовното миење и дезинфицирање на рацете.
# Зошто мораме да ги переме платнените маски по секое носење?
Платнените маски за повеќекратна употреба би требало да ги исчистиме и дезинфицираме по секоја употреба. Доколку перењето не е идеално, маската можете да ја ставите во хартиена кеса (никако пластична) и да ја чувате на топло место, на пример покрај прозор.
По еден ден или два, маската во потполност ќе се исуши, а потенцијалниот вирус ќе стане неактивен.
Важно е да не одите наоколу со валкана маска. Може да ја перете со вашата облека. Доколку ја перете рачно тогаш треба добро да ја истриете со сапун и топла вода, и тоа најмалку 20 секунди. Потоа, темелно исплакнете ја и оставете ја да се исуши, а пред употреба испеглајте ја.
# Зошто маската може да ја надразни вашата кожа и што може да направите по тоа прашање?
Зависно од материјалот и периодот во кој ја носите, маската може да затвори дел од површината на кожата и и да придонесе за појава на акни или црвенило од топлината.
За среќа, постојат начини како да ги ублажите овие последици. За почеток бирајте маски од материј кој го пропушта воздухот, како што е памукот. На тој начин ќе ја минимализирате потта и собирањето на масла. Исто така, кога сте физички дистанцирани извадете ја маската и барем на кратко нормално земете воздух.
Освен тоа, заштитете ја кожата под маската. За да спречите иритација, подгответе ја кожата. Примените хидратантни средства за лице пред ставањето на маските се важен чекор во осигурувањето на здрави бариера, а со самото тоа се намалува и ризикот од иритација.
Пожелно е и двапати дневно да го миете лицето со хидратантно средство, како и да го избегнувате шминкањето за да избегнете појава на акни.
Носете и заштитен фактор. Иако маската прекрива голем дел од вашето лице, таа не ве штити од штетните УВ зраци, па затоа многу е важно да нанесете крема со заштитен фактор на лицето, но и на другите изложени делови на кожата, пред да излезете од дома.