Нов божиќен филм на Нетфликс: Рецензиите велат дека е толку лош што е добар (ВИДЕО)
Сезоната на божиќни филмови е отворена...
Веќе се гледа крајот на ноември и ако сега не почнеме да ги гледаме божиќните филмови, ќе заостанеме. Доколку си голем љубител на празничната магија, не можеш да си го дозволиш тоа. Дури и кога сè укажува на фактот дека филмот може да биде лош - сигурно ќе го изгелдаш.
Едноставно не им веруваш на рецензиите на „професионалците“. Ти се чини дека тие имаат малку поинакви и поголеми очекувања од еден просечен гледач. Кога ќе решиш да гледаш романтичен божиќен филм, не очекуваш дека тоа ќе биде филм кој ќе ти го промени животот и кој ќе го паметиш засекогаш. Тие филмови кои ќе те забавуваат час и половина и ќе го внесат празничното расположение во твојот дом. Сега на Нетфликс пристигна еден сладок божиќен новитет - „Christmas With Yоu“.
Според рецензиите, не вреди да се погледне, но тоа не мора да се сопре. Дали навистина е толку лош што е добар? Еве за што се зборува во него.
Ако бараш симпатичен божиќен филм и веќе си ги изгледал/а сите досега објавени, погледни го и овој. Не е филм за кој ќе зборуваш уште неколку месеци подоцна, туку е филм кој навистина ќе те расположи, а понекогаш тоа е сè што му е потребно на еден човек. Станува збор за латино пејачката Анџелина која полека престанува да биде актуелна и непосредно пред Божиќ има можност да напише божиќна песна која повторно ќе ја врати во центарот на вниманието. Таа нема инспирација и едноставно не се чувствува добро, па решава да одмори и ненадејно да посети еден од нејзините големи обожаватели. Случајност е тоа што таткото на девојката која е нејзин голем фан, сака да свири и пишува песни. Тој и Анџелина ќе си кликнат, ќе почнат да пишуваат песна и ќе се зближат, сè додека не се појави нејзиното момче, кое ќе ја одведе назад во градот.
Нема да ви кажеме каков е расплетот на ситуацијата и дали Анџелина ќе успее да ја воодушеви публиката со својата нова песна и дали на крајот ќе ја избере кариерата или љубовта. Главните улоги ги толкуваат Ејми Гарсија и Фреди Принз Џуниор, супер симпатични актери кои се само уште еден плуз зошто овој филм им се допадна на гледачите. Дали е толку лош како што зборуваат рецензиите на „професионалците“? Не е. Само немојте да имате преголеми очекувања. Вклучи ги сијаличките, покриј се со ќебе и уживај.
фото: Принтскрин / Imdb