Нов фотошоп блам на сестрите Кардашијан: Повторно претераа
Целото семејство отпатува на приватен остров, каде го прославуваше 40 - от роденден на Ким...
И на птиците на гранките им е јасно дека сестрите Кардашијан користат фотошоп. Иако тие и самите го признаа тоа во повеќе наврати и понатаму сме изненадени кога ќе видиме како понекогаш ги фотошопираат фотографиите.
Целото семејство отпатува на приватен остров, каде го прославуваше 40 - от роденден на Ким Кардашијан, а на една фотографија која Клои ја објави недостасува Кајли Џенер.
„Размислував да ја фотошопирам Кајли на оваа фотографија“ - напиша Клои. Но, тоа што го не ја фотошопира и „доцртала“ Кајли, не значи дека не си поиграла со остатокот од семејството.
Доколку добро не се загледате во фотографијата нема ни да ги забележите Кендал и нејзното рамо. Но, доколку зумирате, ќе видите дека нејзината прерамка е искината - само поради фотошопот.
Останува нејасно што би сакала Клои да поправи овде. Океј, очигледно е дека своето лице повторно го фотошопира до непрепознатливост, но дали Кендал остана без прерамка поради косата на Кортни или нешто друго, останува мистерија.