Нов производ од А1 Македонија: Envoice – софтверско решение за бизнис корисници

Нов производ од А1 Македонија: Envoice – софтверско решение за бизнис корисници

Објавена во: После „Школо“ // PR

А1 Македонија со задоволство го објавува лансирањето на новата услуга Envoice, како дел од богатата понуда на ИКТ услуги кои ги нуди компанијата.  

Envoice е софтверско решение засновано на веб платформа и е наменето за правни лица односно компании и институции кои имат потреба за лесно и едноставно генерирање, праќање и наплата на фактури до своите корисници.  Со ова решение на корисникот му се обезбедува едноставност во креирањето на фактури до своите крајни корисници. Наменето е за мали и средни претпријатија кои немаат современи системи за креирање, евиденција и наплата на фактури и свои ЕРП системи како и за компании кои продаваат интернационално, односно креирање на фактури за странски физички и правни лица.

Envoice вклучува три комерцијални типови на услуга и тоа: Envoice Essential, Envoice Business, Envoice Sell Online и уште еден кој е исклучиво по барање на корисникот, Envoice Enterprise. Секој пакет содржи различни функционалности, како што се издавање фактури,  неограничен број на фактури во сите валути, подготвен процесор за плаќање, брендирање на фактурите, техничка и корисничка поддршка итн.

Envoice важи за сите бизнис корисници, нови и постоечки, со склучен договор на 12 месеци.

Со ова, А1 во континуитет продолжува да ја остварува својата намера да се покаже како двигател на дигитализацијата на бизнис заедницата во земјава и партнер од доверба при пронаоѓање на најдобри ИКТ решенија за сите корисници.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: