Нов стандард за убавина: Младо момче потрошило 35.000 евра за да изгледа како филтер од Инстаграм
И нема да сопре...
Досега кај пластичните хирурзи се носеа фотографии од познати личности на кои луѓето сакаа да изгледаат, а сега едно младо момче отиде чекор подалеку. Одвои дури 35.000 евра за козметички операции, со цел да изгледаат како филтер од Инстаграм.
24 - годишниот Џед Марфи најпрво ги наполнил усните кога имал само 19 години, а од тогаш станал зависен од естетската хирургија - па, по два месеци, повторно ги зголеми усните.
Секако, тој не застанал тука. Покрај усните и забите, тој исто така извршил хируршки зафати во областа на слепоочниците, третман на мачкини очи, интервенции на носот, брадата, образите, вилицата и подрачјето под очите.
„Сакам да го привлекувам вниманието на луѓето. Секое закрепнување го пренесувам преку социјалните мрежи за луѓето да ме забележат“ - изјави Марфи.
Тој го напуштил училиштето на 16 - годишна возраст и одлучил да стане sвезда на социјалните мрежи изгледајќи исто како филтер од Инстаграм.
Почнал да работи како продавач во неколку продавници за малопродажба, а потоа создадал и своја страница на Инстаграм. И додека многумина се прашуваат зошто го прави сето ова, Џед објаснува:
„Инстаграм постави филтер каде што можете да видите како би изгледале после пластична операција, а мене ми се допадна тоа што го видов. Развив разни процедури што се прикажани во филтерот и потоа започнав да ги спроведувам“ - рече тој.
Тој вели дека неговата месечна плата од 10.000 фунти на веб-страницата се искачила на 30.000 фунти, што е доволно за финансирање на неговите операции - но, некои добил бесплатно, благодарение на неговите следбеници на Тикток и Инстаграм, кои ги има во милионски цифри.
„Ми одговара мојот животен стил и изгледот. Едноставно, сакам да привлекувам внимание“ - заклучи Марфи за „The Sun“.