Нов тренд на Интернет: Мајки им прават урнебесни фризури на своите ќерки
Секојдневно сме сведоци на нови трендови, кои се појавуваат на Интернет. Социјалните мрежи ги наметнаа истите, а некогаш е доволно само еден корисник да направи нешто поразлично, а по него уште илјада други ќе се приклучат.
Иако во последно време сме сведоци на трендови и предизвици кои се опасни по животот на младите, сега се појави еден нов, кој е може само да ги насмее и расположи сите. Имено, станува збор за тренд кој е поврзан со фризурата на децата.
Во овој тренд, мајките се оние кои се натпреваруваат - финтата е која ќе направи поурнебесна фризура на своето дете. За оваа намена се користат разни предмети, кои креативните мајки ги користат за да направат поинтересна фризура.
Во продолжение погледнете неколку фотографии од мајките кои одговорија на овој предизвик, можеби ќе ве инсприра да го испробате истиот на себе. Каква фризура би направиле вие?
Р.Х.