Нов трик: Како да го исушите лакот за нокти за само една минута
За вас кои често сакате да ја менувате нијансата на лак за нокти, сигурно не ви е лесно кога на ред дојде сушењето на лакот ...
Дури и кога произведувачите на лак гарантираат сушење за само една минута, речиси секогаш се случува некаде да го закачиме ноктот или да сме ставиле повеќе слоеви на еден дел од ноктот кој е уништен. Така секој пат ја изгубиме желбата за средување и лакирање, а многу од нас од овие причини се одлучуваат за професионален маникир кој бара повеќе пари. На наша и ваша среќа, пронајдовме сјаен трик со кој навистина ќе ви се исушат ноктите за само една минута а истовремено ќе ги нахрани ноктите и кожата околу нив.
Што треба да направите?
Во една мала чаша (најдобро за ракија) ставете маслиново масло во мала количина, доволно да го покрие целиот нокт. Поминувајте со прстите еден по еден во маслото, а потоа почекајте да помине една минута. Потоа отстранете го вишокот маслиново масло и нанесете хидратантна крема на целите раце.
Маслиновото масло на неверојатен начин го затега лакот за нокти, а потоа и ги негува, како и кутикулите.
Дали некогаш сте го пробале овој трик?
(ФОТО) Ќе ги обожавате: 12 идеи за летен маникир