Нов ужас од ТикТок: На 13 - годишно девојче му беше отстрането слепото црево, откако снимањето на видео тргна наопаку
Страшно!
Мајката издаде предупредување откако на нејзината 13 - годишна ќерка морало да ѝ се отстрани слепото црево и дел од цревата, поради видео кое го копирала од ТикТок.
Фаи Елизабета вели дека нејзината ќерка, на која не ѝ го кажала името, ставила магнетни топчиња на двете страни на јазикот и образите.
Девојчето потоа започнало да повраќа и се жалело на болки во стомакот, а лекарите подоцна за време на скенирањето забележале 10 топчиња. Топчињата ѝ се заглавиле во цревата и слепото црево.
Итно била префрлена во детската болница „Алдер Хеи“ во Ливерпур, каде била веднаш оперирана. Медицинските лица од телото на девојчето извадиле вкупно 15 магнетни топчиња.
Фаи кажала: „Мораа да ѝ отстранат дел од цревата и повторно да ги спојат. Едно топче останало точно во слепото црево, па и тоа морале да го отстранат“.
На нејзината ќерка сега има лузна од 15 сантиметри поради операција и сè уште закрепнува во болница.