Нова боја по 4 години: Анастасија Ражнатовиќ беше препознатлива по црната долга коса, а сега го промени имиџот
Младата пејачка реши да направи промени и да осветли својата коса...
Анастасија Ражнатовиќ донесе одлука да ја промени бојата на косата. Имено, таа по четири години се офарба и својата црна долга коса ја осветли.
Анастасија воодушевена од промената, реши ова да го сподели со своите следбеници на Инстаграм.
„Нова боја по четири години“ - кратко напиша на видеото кое го сподели на стори на Инстаграм. На истото таа е без шминка, но со свежо стилизирана коса и чоколадна боја.
Ражнатовиќ долго време беше верна на темната нијанса, но пред неколку години носеше слична боја, а едно време дури беше и русокоса.
Нема сомнеж дека на Анастасија денес, сепак повеќе ѝ се допаѓаат темните нијанси, кои одлично одговараат на нејзиниот тен, со оглед на тоа дека неодамна се врати од одмор.