Нова Британска студија која загрижува: Од Ковид 19 белите дробови после вирусот може да страдаат долго

Нова Британска студија која загрижува: Од Ковид 19 белите дробови после вирусот може да страдаат долго

Објавена во: Живот // Живот

Научниците велат дека овие откритија делумно објаснуваат зошто недостатокот на воздух е толку чест кај долгиот ковид, иако причините за тоа се различни и многу сложени.

Имено, користејќи нов метод за скенирање со рендгенска магнетна резонанца, научниците открија оштетување на белите дробови кое не е забележано на рутинските снимки, објави Би-Би-Си.


Тие прегледале 11 лица на кои не им било потребно болничко лекување кога првпат се заразиле со Ковид-19, но долго време по инфекцијата почувствувале недостаток на воздух.

Долгиот ковид е спектар на симптоми кои траат со недели по инфекцијата со коронавирус и не можат да се објаснат со која било друга причина.

Научниците од универзитетите во Оксфорд, Шефилд, Кардиф и Манчестер ги споредија скеновите со магнетна резонанца со ксенон и други тестови за функцијата на белите дробови кај три групи луѓе.

Станува збор за лица со долг ковид и проблеми со недостаток на воздух кои не се хоспитализирани, од кои 12 се хоспитализирани поради коронавирусот, но немале долг ковид и 13 здрави лица.

Користејќи го новиот пристап, сите вдишувале ксенон за време на скенирањето со магнетна резонанца.

Ксенон се однесува многу слично на кислородот, но може и визуелно да се следи за време на скенирањето, така што научниците можеле да видат како се движи од белите дробови до крвотокот.

Тие откриле дека преносот е помалку ефикасен кај повеќето луѓе со долг ковид отколку кај контролната група на здрави субјекти.

Оние хоспитализирани поради коронавирус имале слични тешкотии.

Рендгенските снимки и томографијата често не покажуваа никакви проблеми кај таквите пациенти, изјави раководителката на истражувањето Емили Фрејзер.

– Ова е важно истражување и навистина се надевам дека подобро ќе го објасни овој проблем – рече таа и додаде дека е важно луѓето да знаат дека рехабилитацијата и учењето да дишат можат многу да помогнат.

-Откако ќе ги разбереме механизмите кои ги предизвикуваат овие симптоми, ќе можеме полесно да развиеме поефикасни методи на лекување, вели научникот Фергус Глисон.

Истражувањето сè уште не поминало рецензија, а се спроведува поголемо и подетално истражување за да се потврдат овие резултати.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: