Нова димензија на гледање телевизија: Јапонски професор дизајнираше телевизиски екран кој пренесува - вкусови
Јапонски професор разви прототип на телевизиски екран кој
може да ги имитира вкусовите на храната, што е уште еден чекор кон создавање на
мулти-сензорно искуство за гледање телевизиски програми.
Уредот наречен „вкусен ТВ“ користи рингишпил со 10 контејнери со различни вкусови кои ја прскаат содржината во различни комбинации за да создадат вкус на одредена храна. Создадениот вкус потоа се нанесува преку фолија на рамен телевизиски екран за да може гледачот да го проба - со лижење на екранот.
Во ерата на ковид-19, овој тип на технологија може да го подобри начинот на кој луѓето се поврзуваат и комуницираат со надворешниот свет, рече професорот од Универзитетот Меиџи, Хомеи Мијашита.
Целта е да им се овозможи на луѓето да искусат нешто како јадење во ресторан на другата страна на светот, дури и додека седат дома, рече тој.
Мијашита работи со тим од околу 30 студенти и има произведено различни уреди за ароми, вклучувајќи и вилушка што го прави вкусот на храната побогат.
Тој рече дека минатата година сам го направил прототипот на вкусен телевизор и дека производството на комерцијална верзија ќе чини околу 50.000 денари.
Потенцијалните апликации вклучуваат учење на далечина за сомелиери и готвачи, и дегустација на игри и квизови, рече тој.
Мијашита исто така разговараше со компаниите за користење на нивната технологија за прскање за уреди кои можат да додадат вкус на пица или чоколадо на парче тост леб.
Студентката Меиџи Јуки Хоу (22) им покажа на новинарите колку вкусно функционира ТВ, кажувајќи му на екранот дека сака да вкуси слатко чоколадо.
По неколку обиди, автоматски глас ја повтори нарачката и млазниците за вкус го расфрлаа примерокот на пластичната обвивка.
Тоа е нешто како млечно чоколадо, рече таа. Тоа е слатко како чоколаден прелив.
Фото: Youtube-screenshoot