Нова фотографија од кралицата Елизабета загрижи многумина: Изгледа толку кревко
фото:Profimedia
Кралицата Елизабета се врати на своите должности. Вчера, таа беше домаќин на генералот Сер Ник Картер во замокот Виндзор.
На официјалниот Инстаграм профил на кралицата и кралското семејство е објавена фотографија од нивната средба. Досега има собрано повеќе од 150.000 лајкови, а многу следбеници на кралското семејство изразија задоволство што кралицата се врати на функцијата.
Сепак, има многумина кои забележале дека Елизабета не изгледа најдобро.
„Многу е убаво да ја гледам, но загрижен сум. Изгледа навистина кревко, се надевам дека ќе стане посилна“, „Изгледа толку ситна“, „Нејзините раце се првото нешто што го забележав“...
Потсетуваме дека кралицата Елизабета не можеше да присуствува на комеморацијата во недела во знак на сеќавање на воените жртви поради болки во грбот. Здравствената состојба на кралицата во последно време ги загрижува Британците, пишува агенцијата Франс прес. Иако, имајќи предвид дека британската кралица има 95 години, тоа и не е толку чудно.
извор:srbijadanas.rs