Нова модна надеж во Македонија: Креацијата на Александра за тиркизниот килим на Евровизија ја создаде матурант од Штип (ФОТО)

Нова модна надеж во Македонија: Креацијата на Александра за тиркизниот килим на Евровизија ја создаде матурант од Штип (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Иако Евровизија заврши и се избра победникот, сè уште главна тема во медиумите е 66-тото издание на најголемото европско музичко натпреварување.

И оваа година не помина без скандали, а кај нас најголема бучава се крена поради потегот на нашата претставничка, Андреа Коевска. Имено, за време на церемонијата по повод отварањето на Евровизија, Андреа на тиркизниот килим го фрли македонското знаме на земја, со цел фотографите да ѝ направат фотографија без знаменце во рака. Овој нејзин потег ги разгневни Македонците, кои на социјалните мрежи „удрија“ по неа.

Но, она што е уште поважно за нашата држава и секако кога е церемонијата по повод отварањето на Евровизија во прашање, е креацијата на еден од членовите на македонската делегација - Александра Јовановска. Таа беше облечена во црвен долг фустан со 3Д цветови и гол грб, кој е дело на матурант од Штип.

Зад оваа креација се потпишува матурантот Мартин Ристов од СОУ „Димитар Мирасчиев“ од Штип. Овој дизајниран модел е дел од колекцијата која е создадена пред 1 година, а издадена од Atelier „Per Sempre“.

Како изгледаше Александра во оваа креација, погледнете на фотографиите во продолжение:


фото: Фејсбук / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: