Нова тин приказна која ќе ве освои од прва: „Момчиња и девојчиња“ со Ана Бунтеска
Колумните кои таа ги пишува во Понеделничките муабети на Женски магазин и Мажи vs. жени на Машки магазин, поезијата од која дефитивно никој не може да остане рамнодушен, се само дел од успешните редови испашани од перото на врвната поетеса Ана Бунтеска.
Токму нејзината напредна мисла, разни гледишта за и на тинејџертите, приказни од животот на младите ја поттикнаа да ве поттикне. Токму од утре, па натаму ќе биде дел и од вашиот омилен портал за тинејџери - Хаштаг.мк.
Серијалот „Момчиња и девојчиња“ содржи поврзани приказни, во кои сигурни сме дека секој еден од вас ќе се пронајде или пак можеби ќе го пронајде својот најдобар пријател. Секоја среда ќе имате можност да го прочитате продолжението на згодите и незгодите на вашите врсници, а воедно истите да ги имате во вашиот омилен формат.
Нема сомнеж дека овој серијал ќе ви се допадне, затоа подгответе се за многу „шерување“, „лајкување“, како и „коментирање“, а бројот на искористените опции ќе ни каже колку ви се допадна првото пишано патешествие со Ана.
Нема да се разочарате!