Новата фотографија на Меган и Хари крие 7 тајни: Експерт за говор на телото ги воочи важните сигнали

Новата фотографија на Меган и Хари крие 7 тајни: Експерт за говор на телото ги воочи важните сигнали

Објавена во: Живот // Живот

Фотографијата е внимателно анализирана, а за неа многу откри и нејзиниот автор...

Фотографија за која светот не престанува да зборува - дека Меган Маркл и принцот Хари очекуваат второ дете крие важни пораки. Мисан Харимен од Нигерија е автор на оваа фотографија, а на својот Инстаграм профил напиша:

„Мег, јас бев на твојата венчавка и бев сведок на оваа љубовна приказна, затоа ми е чест што имав можност да овековечам како расте таа приказна. Честитки за војводата и војвотката од Сасекс за прекрасните вести“

Фотографијата беше внимателно анализирана, а нејзиниот автор откри многу за тоа.

# Прва тајна - дрвото на животот

Меган Маркл и Хари позираа под „дрвото на животот“, кое се споменува и во Библијата, а се знае дека војвотката од Сасекс е од христијанска вероисповед, пишува „Дејли Мејл“. Градината во која се наоѓа познатата двојка е симбол на „плодноста, животот и напредокот“. Харимен за британскиот „Вог“ раскажа дека Меган и Хари уживале додека зборувале, како и дека биле свесни дека стнауваат дел од историски момент.

# Втора тајна - времето на објавувањето на фотографијата

Погореспоменатиот медум пишува дека веста за тоа дека Меган и Хари по вторпат ќе станат родители, како и фотографијата се објавени три месеци откако војвотката раскажа за „Њујорк тајмс“ дека го изгубила бебето.

# Трета тајна - фустанот на Меган Маркл

Иако е тешко да се открие во која боја е фустанот кој Меган го носи на фотографијата, се претпоставува дека во прашање е бел или кремов модел, од америнската модна куќа „Каролина Херера“, чиј креативен директор Вес Гордон е долгогодишен пријател на војвотката. Има индикации дека во прашање е рачна изрбаотка, ккао и дека познатата мајка веќе го носела овој фустан во првата бременост.

# Четврта тајна - стилот на Хари

Принцот Хари на фотографијата е облечен многу лежерно и бос, се претстави во стил кој е потполно поразличен од оној на неговите претходни фотографии, настанати во времето додека ги вршеше службените должности на кралското семејство. Важно е и тоа што ја носеше нараквицата која ѝ припаѓа на неговата мајка, Дајана.

# Петта тајна - местото на фотографирање

Споредувајќи ги фотографиите на Меган и Хари од градината на нивната вила во Санта Барбара и новите фотографии, забележано е дека тие се фотографирани токму во градината на нивниот нов дом во Калифорнија.

# Шеста тајна - како сцена од култниот филм

Новата фотографија на Меган и Хари потсетува многу на сцената од филмот „Notting Hill“ од 1999 во која Ана (Џулија Робертс) и Вилијам (Хју Грант) седат во парк, таа е бремена и лежи во неговиот скут.

# Седма тајна - врската со Дајана

Фотографијата е објавена на Денот на вљубените и принцезата Дајана истиот празник во 1984 година соопшти дека со сопругот, принцот Чарлс го очекуваат второто дете.

Што вели експертот за говор на тело?

Фотографијата ја анализираше и ескперот за говор на тело, Џуди Џејмс која ги издвои следните сигнали и нивните значења:

# Хари кој ја милува Меган - знак на заштитнички настроен сопруг и татко;

# Нивните насмевки - силна емотивна врска;

# Дрво - создавање своја семејна историја;

# Меган која лежи на грбот - доверба и посветеност;

# Хари без обувки- желбата за слобода и дистанца од протокол;

# Црно - бела фотографија - едноставност и популарност.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: