Новата празнична реклама на Дизни ќе ве расплаче: Ги продлабочува семејните врски и создава магија

Новата празнична реклама на Дизни ќе ве расплаче: Ги продлабочува семејните врски и создава магија

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Дизни ја има таа традиција секоја година пред празниците со светот да сподели реклама со која сака да укаже на вистинската празнична магија. Овогодинешната реклама веќе ја здогледа светлината на денот и само можеме да ви кажете да ги подготвите марамчињата...

Како и секоја година до сега, Дизни ја објави празничната реклама со која сака да ја поттикне публиката да ја разбере вистинската суштина на празниците. Овогодишната реклама се вика „Очув“ и е продолжение на минатогодишната рекла за бабата Лола и нејзината внука Никол, пишува AdNews.

Сега Никол е веќе постара и има две деца - Макс и Ела, а анимираната приказна зборува за тоа како тие се прилагодуваат на новиот очув Мајк, кој неодамна се доселил кај нив.

Од Дизни објаснуваат дека „во срцето на сценариото се наоѓа многу посебна книга која на Макс му ја подарил неговиот татко и дека таа книга ја слави моќта на раскажувањето приказни што ги продлабочува семејните врски и создава магија“.


Музиката за оваа реклама ја направи двострукиот добитник на награда Греми, Грегори Портер, а мелодијата симболично е наречена „Love Runs Deeper“.

Кој би кажал дека една реклама може да биде толку емотивно, зарем не?


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: