Новата Samsung Galaxy S21 серија спасува 45 илјади дрвја годишно

Новата Samsung Galaxy S21 серија спасува 45 илјади дрвја годишно

Објавена во: После „Школо“ // PR

Екстремните временски услови последните години станаа се почеста појава во сите делови на светот - од големи температурни разлики до суши и тајфуни.
Со Парискиот договор, земјите ширум светот се согласија дека е неопходно да се направат одредени измени со цел да се намалат емисиите на јаглерод и да се ограничи глобалнотозголемување на температурата до 2 степени Целзиусови. Свој допринос за решавање на оваа глобална криза дава и компанијата Samsung Electronics, наоѓајќи одржливи начини да одговорат на климатските промени во сите аспекти на своето деловно работење.

Така, уште во јуни 2018 година, Samsung се обврза дека до 2020 година, сите работни простории на компанијата во САД, Кина и Европа ќе се потпираат исклучиво на електрична енергија од обновливи извори. Континуираните напори направени од страна на оваа компанија од тогаш, доведоа до тоа Samsungво 2020 година да може да ја постигне оваа цел, користејќи 100 проценти обновлива енергија.

Покрај тоа, Samsung им овозможува на корисниците со користење на нивните Galaxy паметни телефони да помогнат во заштитата на животната средина. Имено, почнувајќи од 2016 година и моделот Galaxy S7, со секоја наредна генерација на паметни телефони од Galaxy S серијата, Samsung развива пакувања според еколошките стандарди. Така, пакувањето на најновата S21серија содржи само 4 проценти пластика и 58 проценти хартија содржана во амбалажата на серијата Galaxy S7, со што се намалува количината на отпад по единица пакување за дури 49 проценти, спасувајќи околу 45 илјади дрвја годишно. Континуирано инвестирајќи во одржливост, Samsung ги намали емисиите на јаглерод при развојот на амбалажата за 50 проценти во споредба со серијата Galaxy S7.

Пакувањето на најновиот Samsung водечки уред Samsung од серијата Galaxy S21 ги исполнува највисоките еколошки стандарди во споредба со сите други производи од S серијата. Секој уред е спакуван во кутија направена од брановиден картон, наместо тврда хартија, што ја зголемува можноста за рециклирање. Количината на материјал потрошен за пакување дополнително се намалува со отстранување на внатрешното пакување за додатоци, како што се полначи и слушалки. На овој начин, компанијата Samsung сака кај корисниците на Galaxy паметни телефони да промовира навики за еколошка повторна употреба и рециклирање.

Благодарение на минималистичкиот дизајн на амбалажата и промената на материјалите кои се користат во текот на производството, дистрибуцијата, употребата и отстранувањето на производот, Samsung Galaxy S21 паметениот телефон го доби „Reducing CO2“ сертификатот Carbon Trust од непрофитното тело на Владата на Велика Британија. Овој сертификат го потврдува намалувањето на емисиите на штетни гасови со ефект на стаклена градинапри производството на S21 серијата во споредба со претходниот модел.

Земајќи ги во предвид ефектот на стаклена градина и климатските промени како две најголеми закани за човештвото, Samsung продолжува да ја следи моменталната еколошка состојба и инвестира во енергетски ефикасни производи и производствени процеси за да ги намали емисиите на гасови и да промовира употреба на обновливи извори на енергија.

Кутија:

Новата Samsung Galaxy S21серија паметни телефони се одликува со модерен дизајн, систем на камери од професионален ранг за корисници од сите нивоа на вештини и најнапредниот процесор кој е некогаш користен во Galaxy уредите. Овие водечки уреди носат изобилство на современи иновации, кои им овозможуваат на корисниците да го збогатат својот секојдневен живот според сопствениот животен стил.

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: