Новата студија тврди: Досега ниту едно дете не го пренело коронавирусот на возрасен
Улогата на децата и понатаму не е јасно, но изгледа дека таа не игра значајна улога
Најновото истражување тврди дека не е пронајден ниту еден случај на пренос на коронавирусот од дете на возрасна личност, пренесува Sun.
Анализата на влијанието на болеста Ковид - 19 врз децата покажа дека тие не играат значајна улога во ширењето на коронавирусот.
Дури и Светската здравствена организација тврди дека досега не е забележан случај каде дете помладо од 10 години пренело коронавирус на возрасна личност.
Истражувањето кое го направи Кралскиот колеџ за педијатрија и здравје на децата, открива дека доказите укажуваат на тоа дека децата сепак не играат важна улога во ланецот на заразата, како што мислеле порано.
„Ковид - 19 ги погаѓа децата многу ретко и вклучува често асимптоматски случаеви. Постојат докази за критичните случаеви со децата, но и тие се многу ретки. Улгоата на децата и понатаму е нејасна, но изгледа дека таа не игра значајна улога“ - рече д-р Аласдаир Мунро, клинички истражувач на педијатриски заразни болести.
Оваа недела е откриено дека 9 - годишно момче кое е заразено со коронавирусот во Франција не го пренел вирусот на никој и покрај контактот со повеќе од 170 луѓе.
На овие теории се придружуваат и Швајцарците, па нивните власти одлучија да ги укинат забраните за социјален контакт помеѓу старите личности и децата до 10 годишна возраст, бидејќи научниците заклучиле дека децата во таа возраст немаат развиени респиратори за коронавирус, па така не можат да бидат ниту преносители“ - обајви Би - Би - Си.