Новата улога на Џенифер Анистон ќе ве изненади: Таа е мајка на тинејџерка!

Новата улога на Џенифер Анистон ќе ве изненади: Таа е мајка на тинејџерка!

Објавена во: Stars // Филм

Една од најголемите холивудски ѕвезди и миленичка на публиката, Џенифер Анистон ќе имаме можност повторно да ја гледаме на големото платно.

Имено, станува збор за духовита и топла приказна за односот помеѓу мајка и ќерка, за женското пријателство и приваќањето на себе, а во оваа приказна Џенифер ја има улогата на мајка и поранешен мис, која својата ќерка поради големата тежина ја нарекува „кнедличка“ (Dumplin').

Актерката, која воедно е и продуцент на овој филм на Нетфликс, изјави: „Мислам дека ова е прекрасно, се надевам дека ова повеќе нема да биде тема во Холивуд и дека ќе испратиме порака која сите луѓе ќе ја прифатат и дека изгледот не е важен“.

Инаку, филмот „Dumplin'“ е адаптација на истоимениот роман на писателката Џули Марфи, а за режијата е задолжен Ане Флечер. Во улога на курполентната тинејџерка се најде младата австралиска актерка Даниела Мекдоналд.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: