Новата верзија на боб фризура за тренди девојки: Фризерите велат дека е најблагодарна за стилизирање во лето
Станува збор за т.н. „the band bob“, односно фризура која потсетува на оние какви што некогаш носеа членовите на машките бендови, како „Backstreet Boys“...
Како се наближуваат деновите од летото, така многумина се во потрага по освежување кога се во прашање фризурите, а доколку и самите вие посакувате промена, боб фризурата е секогаш добра идеја. Станува збор за најбараната фризура која веќе неколку сезони не се симнува од тронот на најпопуларни, а на неколку месеци се појавува нова верзија која трендсетерките едноставно ја обожуваат.
Во последно време сè почесто се зборува за варијантата која е како создадена за опуштен тип на девојки.
„Boy band bob“ е пократок од класичниот боб, а специфичен по должината на прамените на предната страна. Прамените може да се стилизираат со украси за која, со кои на фризурата ќе ѝ дадете свој личен стилски печат. Исто така, може да се носи и многу едноставно, а да изгледа многу софистицирано.
За одржување на ваквиот боб, фризерите препорачуваат користење на шампон за сјај, кој освен сјај, ќе ѝ пружи и мекост и ќе ѝ овозможи да биде мазна и лесна за стилизирање.
Доколку имате дилема дали да драстично да ја скратите косата важно е да знаете едно нешто. Иако кратењето на долга коса не е воопшто едноставен процес, добрата вест е тоа што косата така ќе ви биде уште поздрава.
Бидејќи оваа фризура е сè побарана во фризерските салони ширум светот, решивме да ви покажеме неколку варијанти како може да ја носите: