Нови детали поврзани со разводот на Ким и Канје: Раперот по разводот се сели во Лондон?

Нови детали поврзани со разводот на Ким и Канје: Раперот по разводот се сели во Лондон?

Објавена во: Совети // Семејство

Најпознатата ријалити ѕвезда на светот Ким Кардашијан и раперот Канје Вест се разведуваат по 7 години брак, пишуваат странските медиуми.

Откако светските медиуми објавија за нивниот развод, секој ден се појавуваат нови детали.

Имено, Канје наводно планира да се пресели во Европа, а Лондон е на врвот на неговата листа. Тој наводно разгледувал куќи во октомври 2020 година, кога го посетил Лондон.

„Канје им соопшти на своите пријатели дека својата иднина ја гледа во Лондон кога ќе се финализира разводот. Тој исто така сака да го прошири својот хор во Европа, со кој редовно настапува на „неделни служби“, и смета дека Лондон би можел да биде добар почеток за тоа“ - изјави изворот.

Иако оваа вест за многумина беше шок, изгледа дека постојат и оние кои знаеле дека овој ден ќе дојде. Поранешната дадилка на семејството Кардашијан, Пам Бехан наводно на самиот почеток на нивниот однос знаеле дека истиот нема да потрае.

„За разлика од Ким, Канје не знаеше како да се носи со големиот успех. Јас и се восхитувам што се обидуваше да го одржи тој брак шест години. Знам дека тоа го правеше само поради децата“ - изјави дадилката за „The Sun“.

Да потсетиме, Канје Вест вреди 1,3 милијарди долари, додека Ким има „само“ 900 милиони долари, па фановите нивниот потенцијален развод го нарекуваат „развод од 2,2 милијарди долари“.

Ким и Канје треба да ги распределат заеднички заработените средства - повеќе од 100 милиони долари во недвижен имот, 3,8 милиони долари во колекцијата автомобили, ранчот од 14 милиони американски долари во Вајоминг, распослан на 1400 хектари земја и многу други недвижнини.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: