Нови детали за случајот со претепаната Марина: Нападот го нарачала жената на нејзиното поранешно момче?!

Нови детали за случајот со претепаната Марина: Нападот го нарачала жената на нејзиното поранешно момче?!

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката вели дека оваа опција е можна, бидејќи верува дека никој не ја претепал од чиста љубомора...

Пејачката Марина Радосављевиќ, некогашната учесничка во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, е тема број еден во Врњачка Бања, но и целиот регион, откако вчера беше претепана пред локалот во кој требало да настапува. Како што зборуваат сите, нападот бил нарачан од страна на жената на поранешното момче на пејачката.

„Слушнавме што се случило. Сите сме во шок. Овде зборуваат само за тоа. Луѓето поминуваат покрај локалот, гледаат, шушкаат, тоа се случува кога ќе има некој инцидент. Ја познавам Марина, но и сопругата на нејзиното поранешно момче. Таа со нејзиниот сопруг се гледала тајно, поточно додека таа не дознала. Изгледа дека раскинале пред шест месеци, но ете сега се случи инцидентот. Љубоморните жени се подготвени на сѐ. Се шпекулира дека таа го нарачала нападот, но тоа ќе го утврди истрагата. Жал ми е за тоа што ѝ се случи, бидејќи никој не поддржува насилство“ - раскажува еден жител на Врањачка Бања за „Курир“, кој сака да остане анонимен.

Пејачката потоа потврди за споменатиот портал дкеа добивала и закани.

„Подготвена сум да одам во полиција, да ја проширам изјавата и да изнесам некои свои сомневања. Откако се случи тоа, се преиспитував. Дојдов до заклучок дека мотивот на волку морничав напад била нечија болна љубомора. Сега кога ќе си го премотам малку филмот, мислам дека тоа било испланирано. Се знаеше дека јас ќе дојдам пред тој локал и во кое време, живеам на еден километар од таму. Многу сум уплашена, иако се трудам да бидам храбра. Овде е мала средината, секој знае сѐ за секој и го штити, ако ова некој го наредил - јас сум ситна риба во морето вакви ајкули. Застрашувачки е тоа што двајца мажи ѝ пријдоа на една жена и на толку немилосрден начин ме тепаа и ме фрлија на под на милимитар од жардинериите. Можев да ја удрам главата и да останам мртва на лице место, и да не го правиме овој разговор сега“ - кажала пејачката низ солзи.

На прашањето дали е можно да е во прашање одмазда на љубоморна жена поради нејзиниот поранешен партнер, Марина го одговори следното:

„Сѐ е можно. Не би сакала да тврдам ништо, ниту да изнесувам. Ова е некој вид на љубомора, заплашување и закана. На никој ништо му немам направено, ниту сум должна, ниту некој нешто ми должи. Имаше закани досега, постои личност која е психички болна или пореметена и нервозна. Таа се заканува на многу девојки и жени овде во Врњачка бања, веројатно и тука има нешто“ - вака го завршила разговорот потресената пејачка.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: