Нови лебови од Жито лукс- пребиотски, протеински, фит и 100% ржан леб

Нови лебови од Жито лукс- пребиотски, протеински, фит и 100% ржан леб

Објавена во: После „Школо“ // PR

Жито Лукс ја збогати понудата на пазарот и во својата широка палета лебови додаде четири нови специјални видови леб: 100% интегрален тост со пребиотик, протеински, 100% ржан и ФИТ тост леб, кои претставуваат одговор на барањата на пазарот и се идеални за сите оние кои се грижат за својата исхрана.

100% интегрален тост со пребиотик  е направен од 100% интегрално пченично и ’ржано брашно. Ефектот на диететските влакна од интегралните брашна е дополнет со додаден пребиотик од акација. Токму пребиотикот, кој е вид растително влакно, овозможува одржување на нормална цревна микрофлора, што е битно за здравјето на дигестивниот тракт, за заштита од воспалителните процеси на истиот, како и за подобрување на општата добросостојба и здравје.

Протеинскиот леб се разликува од другите видови леб по големото количество протеини и малото количество шеќери. Протеинот во лебот доаѓа од грав, семиња и соино брашно, што го прави производот погоден и за вегетаријанци и вегани. Покрај големото количество  протеини, лебот содржи црн и бел сусам, ленено семе, семки од тиква и ацерола во прав кои го надополнуваат вкусот и неговиот нутритивен состав. Лебот збогатен со протеини е идеален за физички активни лица и за сите оние кои водат грижа за правилна и здрава исхрана.

Новиот 100% ‘ржан леб на Жито Лукс има висока хранлива вредност, затоа што ‘ржаното брашно е богато со повеќе витаминии минерали кои се значајни за здравјето на луѓето и нормално функционирање на метаболизмот. Овој леб е создаден од 100% интегрално брашно поради што изобилува со растителни влакна. На овој начин лебот влијае на поспора дигестија на храната, умерена апсорпција на глукоза и финално, на подолго чувство на ситост во текот на денот. Следствено, 100% ’ржаниот тост леб на Жито Лукс е соодветна поддршка на секој ваш оброк.

ФИТ тост лебот е направен по специфична рецептура, без додаток на масни компоненти и шеќери. Збогатен е со пченични трици, влакна од грашок и протеин од грав, со што се добива балансиран производ кој совршено одговара на принципите за здрава и урамнотежена исхрана, без загуба на пријатните мекост и свежина при секој залак. Поради својот состав тој е идеален за сите кои спортуваат, но и за оние кои се грижат за својата линија

„Правилна исхрана со која се внесуваат сите потребни хранливи материи во организмот е клучна за здравјето на луѓето. Со правилниот начин на исхрана не само што се добива здраво и избалансирано тело, туку и ризикот од различни болести е многу помал. Мислењето дека лебот не е здрав веќе подолго време е минато бидејќи нутритивната вредност на житните култури е незамелива за телото и организмот“, вели Д-р Валентина Павлова

Новите специјални лебови на парчиња со продолжена свежина, како и сите останати производи на Жито Лукс кои се присутни на пазарот, се со врвен квалитет, неприкосновен за компанијата, кој директно произлегува од употребените висококвалитетни и природни состојки како и од модерниот технолошко-производен процес.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: