Нови тензии кај Кардашијанс: Клои го поддржува Канје и по крајот на бракот со Ким

Нови тензии кај Кардашијанс: Клои го поддржува Канје и по крајот на бракот со Ким

Објавена во: Совети // Семејство

Клои Кардашијан го поддржа Канје Вест и неговата најава за новиот албум...

Сѐ уште не стивнуваат тензиите во односот помеѓу Ким Кардашијан и Канје Вест. Нивните обожаватели ги следат сите нивни чекори, па така воочија дека Клои, сестра на Ким, ја поддржа најавата на новиот албум на поранешниот зет, така што му стави лајк на фотографијата со најавата на Инстаграм.

Во семејсвото Кардашијан секогаш има некоја драма, па така сега во центарот на вниманието е нова во која е вмешана Клои Кардашијан. Ким и Канје одлучија да се разведат во февруари оваа година, а Ким наводно сѐ уште има голема количина на љубов кон него. Не се знае дали се вистинити гласините за тоа дека тој наводно пронашол некоја друга, но на него не му требаше долго време да ја преболи. По нивната разделба првата драма настана во јуни, кога Клои, јавно на својот профил, објави фотографија за роденденот на Канје, покрај која напиша: „Среќен роденден на мојот брат за цел живот! Ти посакувам најдобар роденден! Ти испраќам љубов и бескраен благослов!“.

По ова, следуваа бројни коментари з атоа дека оваа објава е всушно чудна, бидејќи станува збор за заедничка фотографија откако Ким и Канје се разделија. Драмата се продолжува и сега Клои му стави лајк на Канје на најавата за албумот, што очигледно докажува дека тие двајца навистина останале добри пријатели и по крајот на бракот со Ким.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: