Нови владетелки на модните писти: Тие се убави и фотогенични, а сето тоа го имаат наследено од своите познати мајки (ФОТО)
Во овој случај вреди изреката „Каква мајка, таква ќерка“...
Тие се новите владетелки на модните писти. Тие се убави, шармантни, фотогенични и со совршен стас, а сето тоа го имаат наследено од своите мајки.
Нивните мајка беа главни на модната сцена во 80-тите и 90-тите, но добија и достоинствени наследнички.
Погледнете кои се најбараните модели на денешницата, а кои всушност тргнале по стапките на своите мајки.
# Каја Гербер и Синди Крафорд
Каја е манекенка, модел, актерка и инфлуенсерка која со моделингот почна да се занимава уште на 13 години. На само 16 години заблеска на насловната страница на француското издание на „Вог“, а денес е модел со кој сите сакаат да работат и во потполност е лансирана во ѕвездената орбита на модната индустрија. Така тргнала по стапките на својата мајка, Синди Крафорд која во својата долга кариера има красено повеќе од 1.000 насловни страници, а во текот на 90-тите владееше на модните писти.
# Сестрите Хадид и нивната мајка Јоланда
Дека крвта не е вода, докажуваат Џиџи и Бела. Нивната мајка Јоланда се занимавала со манекенство во текот на 80-тите и 90-тите и беше дел на многу ревии во Милано, Париз, Њујорк и Токио. Со своето искуство и деловни врски, им помогнала и на ќерките кон патот до популарноста. Најмногу внимание таа предизвика во шоуто „The Real Housewives of Beverly Hills“, во кое гледачите дознаа детали за нејзиот однос со децата. Поради некои цени, предизвика осуда од гледачите поради начинот на кој ги контролира животите и кариерите на своите ќерки.
# Лени Клум и Хајди Клум
Лени долго сакала да влезе во светот на моделингот, но мајка ѝ Хајди не ѝ доволуваше, бидејќи и самата знае колку жртви бара таа жртва. Хајди Клум има завршено на стотина насловни страници, рекламни кампањи и модни писти и 13 години беше ангел на Викторија. Лени и Хајди се појавија заедно на насловната страница на германскиот „Вог“, со што Лени влезе во светот на моделингот. Пред два месеци мајката и ќерката заедно снимија кампања за долна облека.
# Џорџија Меј Џегер и Џери Хол
Џорџија Меј Џегер е ќерка на музичката ѕвезда Мик Џегер и манекенката Џери Хол. Оваа припадничка на златната младина многу рано одлучи дека ќе започне сопствена кариера. Првиот голем успех го постигна на 20 години кога се појави на насловната страница на британскиот „Вог“. Фотографите ја обожаваат. Неодоливо потсетува на француската актерка Брижит Бардо. Со својата шармантна насмевка која ја карактеризира празнината меѓу два предни заби, ги освојува сите. Нејзината мајка Џери, исто така ја започнала рано својата кариера, на 16 години, кога од родниот Тексас се преселила во Париз. Била заштитно лице на Ив Сен Лоран и Ревлон. Таа беше и муза на Шанел, а се испроба и во актерството.
# Лили-Роуз Деп и Ванеса Паради
Карл Лагерфелд ја избра Лили за амбасадор на брендот Шанел кога имаше само 15 години. Потоа таа носеше бројни престижни модни ревии и стана заштитно лице на куќи за убавина и модни куќи. Оваа 22-годишна девојка полека ја својува и филмската индустрија, покажувајќи дека актерскиот талент го наследила од нејзиниот татко - Џони Деп. Нејзината мајка Ванеса, постигна успех како пејачка, актерка и модел, а беше и заштитно лице на брендот Шанел.
# Лила Грејс Мос-Хак и Кејт Мос
20-годишната деовјка создава нови модни трендови за генерацијата „Z“, исто како што некогаш правеше нејзината мајка. Во 2020 година, Лила се појави во кампањата „Perfect Marc Jacobs“, а дебатираше на презентацијата на „Miu Miu“ за колекцијата пролет/лето 2020. Оваа година, блесна на модната недела во Лондон, како и на ревијата на Версаче. Нејзината мајка Кејт го освои светот на моделството во текот на 90-тите. Нејзиниот изглед и статус во светот на модата е обележан со нејзината соработка со Келвин Клајн. Таа е позната по бројните кампањи и модни ревии, а во 2013 година доби признание на British Fashion Awards за својата работа во модната индустрија.
фото: Принтскрин / Инстаграм