Новина во испраќањето пораки на WhatsApp: Со сигурност ќе ја користите новата опција
Колку повеќе опции во допишувањето, толку подобро, особено кога се корисни...
Промената која е овој пат во прашање се однесува на содржините кои ги испраќаш, без разлика дали се во прашање фотографии или видеа. И она што е од најдобро од сè, не пристигнува за неколку месеци, туку сега.
Опција која на некои апликации е веќе достапна, но на WhatsApp досега ја немаше. Станува збор за тоа кога на некој му испраќаш фотографија или некоја друга слична содржина, доколку ја одбереш на новиот начин, откако таа личност ќе ја погледне, фотографијата ќе исчезне! Ќе се избрише, исто како никогаш да ја немало. Нема повторно влегување и отварање на фотографијата. Ова ќе биде корисни за различни ситуации, кога се плашиш дека нешто што ќе испратиш можеби ќе заврши во погрешни раце.
Веќе некое време се работи на ова, а сега изгледа конечно го средија и оваа новина е пуштена во употреба. За да провериш дали ти е достапна и на тебе, мора да направиш „апдејт“ на апликацијата, инаку нема да може да ја користиш. Кога ќе му испраќаш фотографија на некој, ќе ти се појави опцијата „view once“ која кога ќе ја одбереш, тој што ќе ја добие фотката ќе може да ја погледне само еднаш. Тебе исто така ќе ти дојде известување дека таа личност ја погледнала фотографијата. Единствено може да те измамат колку ти направат „скриншот“ на содржината. Вака ќе можеш да испраќаш фотографии и видеа и во групни разговори, а не е важно дали другата личност го има овој „апдејт“ или не, важно е да го имаш ти. Засега, оваа опција им е достапна само на корисниците на „Андроид“, а наскоро ќе биде достапна и на „iPhone“.
фото: Nadir Keklik / Shutterstock