Новиот албум на Џастин Бибер пристигнува побргу од што очекувавме?!

Новиот албум на Џастин Бибер пристигнува побргу од што очекувавме?!

Објавена во: Stars // Музика

Скутер Браун менаџерот на Бибер го најави новиот албум на младиот пејач. Во сега веќе избришаниот „твит“ тој напиша само jb5 и стави неколку емотикони што на фановите на Бибер низ светот им беше доволно да полудат од среќа.

Пред некое време и Бибер призна дека наскоро ѝ се враќа на музиката во пост на Инстаграм на кој напиша „Немој да веруваш во сè што ќе прочиташ, слатко мало девојче, ќе слушнеш нешто од мене порано од што мислеше“. Овој пост се однесуваше на видеото на кое едмо мало девојче неколку пати повторува колку е разочарана бидејќи Џастин се откажува од музиката.

По сето ова логично беше фановите во коментари да го распрашуваат кога ќе биде објавен новиот албум, со оглед на тоа што последниов период доста се пишуваше и за тоа колку обврски има малдиот пејач и дека нема доволно време да ѝ се посвети на неговата сакана Хајли.

Дали новиот албум на Бибер е веќе готов или сето ова се само шпекулаци останува да видиме наскоро?!

Фото: Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: