Новиот модел на чизмите „UGG“ се издвојува по еден необичен детаљ: Дуа Липа веќе ги носеше (ФОТО)

Новиот модел на чизмите „UGG“ се издвојува по еден необичен детаљ: Дуа Липа веќе ги носеше (ФОТО)

Објавена во: Мода // Must have

Уште еден нов тренд?

Чизмите „UGG“ оваа зима се едни од „must have“ обувките кои повторно се во тренд. Дека се популарни докажува и фактот што сѐ почесто излегуваат нови модели, а ги носат и познатите.

Ако и ти размислуваш за нови „UGG“ чизми за претстојната зима, одговорот е ДА! Но, задолжително пред купувањето провери ги моделите кои се моментално достапни, бидејќи сѐ почесто лансираат некои и нови и досега невидени. Еден од тие модели е токму овој кој неодамна беше претставен на една ревија во Лондон. Во прашање се светлокафени, крзнени „UGG“ чизми, како и многу досега, но овие имаат еден посебен додаток.

Станува збор за крзното кое го има во сите модели, но ваков модел досега не сте виделе. Со оглед на тоа што тукушто беше претставен на ревијата, сигурно ќе биде голем хит. Тоа го докажува и тоа што веќе некои познати личности веќе ги носат, а една од нив е Дуа Липа.


Во една од своите последни објави, сподели фотка со нив, а не е можно да не се забележат, бидејќи се навистина ефектни. Дуа ги носи сега, а многу други девојки сигурно ќе ги носат во наредните неколку месеци.

Доколку и вие се размислувате каков модел да си купуте, посетете ја веб-страницата на Fashion Group Македонија и проверете кои модели од чизмите „UGG“ се достапни кај нас.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Must have

Можеби ќе ве интересира: