Новиот тренд на ТикТок е неверојатно опасен: Докторите предупредуваат на последиците ако го правите ова додека спиете

Новиот тренд на ТикТок е неверојатно опасен: Докторите предупредуваат на последиците ако го правите ова додека спиете

Објавена во: Stars // YouTube видеа

На социјалната мрежа ТикТок е актуелен трендот на лепење на усните за да се сопре дишењето преку уста во текот на ноќта...

Луѓето кои го прават ова, велат дека така можат здраво да дишат низ носот.

„Ако имате опструктивна ноќна апнеја, да, ова може да биде многу опасно“ - вели д-р Реј Дасгупта, вонреден професор по клиничка медицина на Универзитетот во Јужна Каролина, чија потесна професионална област се токму болестите во текот на спиењето.

Опструктивната ноќна апнеја, која претставува целосен или делумен колапс на дишните патишта и престанок на дишењето, е едно од најчестите и најопасни нарушувања во текот на спиењето. Се верува дека повеќе од една милијарда луѓе на возраст помеѓу 30 и 69 години ја имаат оваа болест, ккао што покажува студијата објавена во 2019 година во магазинот „Lancet“, пишува Си-Ен-Ен.

Експертите веруваат дека уште милиони луѓе се всушност недијагностицирани. Според Си-Ен-Ен, ниту на едно видео кое го погледнале немало предупредување дека такво нешто може да биде штетно.

Една млада жена дури истакнува дека поради т.н. „beauty sleep“ секоја вечер ја затвора и лепи својата уста.

„Ја лепам устата секој ден... Правилниот сон навистина е важен за да се спречи стареењето, да изгледате и да се чувствувате најдобро што можете“ - наведува таа.

Друга тврди дека тоа ѝ помага да спие. Некои велат дека им помага при 'рчењето.


На некои видеа на ТикТок, се препорачува обична стара хартиена лента за да избегне оштетување на ткивото околу усните. Колку е сериозна ситуацијата покажува и фактот што милиони објави може да се најдат под хаштагот #mouthtaping.

Експертите се согласуваат дека дишењето преку нос е поздраво, но сепак... Најважната порака е прво да се процени дали некој има опструктивна ноќна апнеја пред да се обдие да спие со затворена уста, вели д-р Дасгупта. Тој верува дека има многу други опции за справување со 'рчењето, како што назални ленти, назални дилататори и вежби за уста, грло и јазик.

Исто така, избегнувајте да спиете на грб, бидејќи тоа е положба која ја поттикнува устата да се отвори и јазикот да падне назад во грлото. Туркањето воздух над таа блокада е она што предизвикува 'рчење.

Дишењето преку устата често се поврзува со алергии, настинки и хронична назална конгестија, а дишните патишта може да бидат блокирани од назални полипи или искривена 'рскавица која ги одвојува ноздрите, според докторот. Тој додава дека сите овие прашања, како и оние што се наведени во новиот тренд на ТикТок, може да се решат со посета на доктор за уво, нос и грло или специјалист за спиење, кој може да создаде персонализиран план за лекување за секој од нив.

„Прво треба да се справите со овие прашања пред да ја залепите устата. Според мене, лепењето на устата нема да ви помогне да спиете подобро“ - заклучува специјалистот.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: