Ново открие за Лего коцките: Може засекогаш да ја промени современата технологија
Лего, најпопуларната детска пластична коцка на светот, според најновите истражувања се покажа како големо откритие во квантната информатика, бидејќи е откриен нејзиниот потенцијал кој може да се користи за научни цели.
Истражувачите од Универзитетот Ланкастер ставија четири коцки во посебен фрижидер кој може да лади на минус 273 степени, само да се види што ќе се случи. Тоа што го откриле може да ја промени современета технологија засекогаш.
„Нашите истражувања се значајни затоа што откривме дека Лего коцките се одлични терминални изолатори на екстремно ниски температури“ - истакнува Дмитриј Змејев, кој го водеше истражувањето.
Посебните фрижидери претставуваат важен напредок во технологијата на 21 век, бидејќи многу ниската температура која ја произведуваат може да послужи за научни истражувања во областа на физиката и инженерството, како и во квантната информатика.
Пластичната структура на Лего коцката може многу да помогне во истражувањата, бидејќи ќе ги намали трошоцие, па така многу средства може да се насочат на други проекти. Следниот чекор е правење на 3Д Лего коцки кои ќе користат како терминален изолатор за истражувањата.