Ново шопинг-искуство со „Литература.мк“ – мобилна апликација и 3Д-водич во книжарниците
По лансирањето на најголемата онлајн-книжарница и по отворањето на „суперсторовите“ во најпосетените трговски центри во нашата земја, „Литература.мк“ нуди ново искуство за своите купувачи – мобилна апликација и 3Д-водич во книжарниците. Со овие новитети, познатиот синџир книжарници на своите купувачи им го олеснува изборот и им ја доближува својата богата понуда на книги, гифт-програма, играчки, колекционерски производи, школски материјали, производи за домот и за канцеларија и многу друго.
Со мобилната апликација, која е достапна преку iOS и андроид сторовите, се нуди ново поквалитетно купувачко доживување. Благодарејќи на лесниот интерфејс се скратува времето поминато во пребарување, со што се добива повеќе време за уживање во читањето.
Во промотивниот период, со нарачка на било кој производ преку мобилната апликација може да се добие 15 отсто попуст за секоја нарачка. Промотивниот код може да се искористи од 9 до 11 октомври 2024 година.
Со 3Д-водичот во книжарниците, кој е достапен преку сајтот https://www.literatura.mk/virtuelna-knizarnica, се нуди ново виртуелно искуство. Со 3Д-навигацијата може да се разгледа понудата во физичките книжарници на „Литература.мк“, добро познатите продажни места на ул. „Македонија“, ТЦ Буњаковец и во суперпродавниците во „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“ и „Дајмонд мол“.
Со ова, на купувачите им се овозможува онлајн-прошетка во книжарниците 24/7. Лесно е за ориентација и се заштедува време за купување.
Отсега, производите од полиците на книжарниците можете да ги разгледаат во секое време и од секое место, преку своите мобилни уреди и компјутерите. Со ова се олеснува купувањето и се подобрува квалитетот при пазарење.
ПР објава