Новогодишен свет на бајките во Скопје City Mall
За прв пат кај нас, и за
прв пат во еден шопинг мол во регионот, во Скопје Сити Мол од овој викенд
па се до 07 јануари 2019, децата а и возрасните ќе можат да уживаат во
Новогодишниот свет на бајките.
Секој од вас ќе има можност за прв пат да присуствува и да ужива во Куќата на Аладин и џинот од ламбата, слонот на 1001 ноќ, Ивица и Марица со Вештерката, Летечкиот килим на Аладин, Штиклата на Пепелашка, Кочијата на Пепелашка, бајки кои секој од нас ќе го направи посебно среќен пред новогодишните празници.
“Многу сме среќни што Скопје Сити Мол ја има честа да биде првиот мол во југоисточна Европа, кој успеа да ја донесе изложбата на Новогодишен свет на бајките, и со тоа Скопје Сити Мол уште еднаш се позиционира како лидер во регионот. Предновогодишната магија во Скопје Сити Мол, како и секоја година ја прави да биде посебна вашата посета. Имаме многу активности за најмладите кои со сигурност ќе имаат незаборавно искуство. И оваа година ја имаме најголемата и најубавата елка, а ќе го имаме и дедо мраз кој ќе ги забавува со музика и песна на пијано". - изјави Дамјан Корубин од Скопје Сити Мол.
Богатата програма и предновогодишна магија во светот на бајките ќе им овозмжи на најмладите да уживаат во интерактивните тури каде ќе ги пречекаат професионални актери во улогите на ликовите од секоја бајка. Турите ќе се одвиваат секој викенд, започнувајќи во петок од 18:00 до 20:00 часот, а сабота и недела ќе има двa термини со повеќе тури од 13:00-15:00 и од 18:00 до 20:00. Исто така, ќе бидат организирани и работилници за најмладите, додека во неделите во фоајето на Синеплекс од 11:00 ќе се појадува со Дедо Мраз, како и претстави во салите од 11:45, ќе можат да уживаат и во дворот на Дедо Мраз, каде ќе ги забавува токму тој со песни и музика на пијано. И оваа година ја имаме магичната елка, која е поставена во внатрешноста на молот.
Скопје Сити Мол е вашиот сојузник кој преку игра забава и смеа ќе не наврати сите во детството кога приказните го имаа нашето најголемо внимание. Преку приказните, бајките и нивниот интересен начин на отсликување на животот сите растевме, созревавме, тие го будат интелигентот кај децата и го потикнуваат здравиот психолошки развој кај децата.
Големиот ум на Алберт Ајнштајн рекол:
„Ако сакате Вашите деца да бидат интелегентни, читајте им бајки. Ако сакате да бидат поинтелегентни, читајте им повеќе бајки.“