НОВОГОДИШНАТА МАГИЈА Е НАСЕКАДЕ ОКОЛУ НАС

НОВОГОДИШНАТА МАГИЈА Е НАСЕКАДЕ ОКОЛУ НАС

Објавена во: После „Школо“ // PR

Новогодишнита магија се чувствува насекаде околу нас, а особено во книжарниците на Просветно дело каде што има голем број новогодишни наслови за најмалите.

Тука се ексклузивните музички и 3Д сликовници со Дедо Мраз, но и многу други наслови на сликовници поврзани со новогодишната магија.

НОВОГОДИШНА ИРВАСИЈАДА - е расказ сликовница во која, во декември, во селото на Дедо Мраз забрзано се одвиваат новогодишните подготовки. Но, волшебникот Симо, главниот помошник на Дедо Мраз, открива дека ирвасите ги фатило преголема мрза и дека не ќе можат да ги повлечат санките со подароци. Откријте како волшебникот Симо ќе ги натера ирвасите да се вратат во форма и да ја исполнат новогодишната задача.

ЖИВОТНИТЕ МУ ПОМАГААТ НА ДЕДО МРАЗ - едукативна сликовница за деца во која главните ликови се животните. Дедо Мраз им се обраќа на животните дека има многу работа и воопшто не знае дали ќе стигне да ги изготви подароците за децата и да ги подели за Нова година. Животните едногласно одлучуваат да му помогнат.

Живописните илустрации им овозможуваат на младите читатели да дознаат многу интересни работи за животните, да ги запознаат нивните навики и да научат како правилно да се однесуваат кон нив.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: