Обезбедува посигурна иднина: Училишен предмет од Данска кој треба да биде задолжителен кај нас
Светскиот извештај за среќа на Обединетите нации, кој е спроведуван преку истражување од 2012 година, рангира 155 земји ширум светот според среќата на нивните жители. Извештајот Данска ја рангираше помеѓу најсреќните земји, а оваа земја никогаш не паднала под третото место во последните 7 години. Најголемиот фактор кој допринесува за овие резултати на Данска е часот по емпатија во нивните училишта.
Се започнало во 1993 година, кога сите училишта во Данска имале еден час неделно посветен на „Klassens tid“. Учениците на возраст од 6 до 16 години мораат да го посетуваат овој основен час кој е фокусиран на емпатијата.
Студентите работат на тоа да биде повеќе емпатични што им помага да изградат подобри односи и подоцна во животот да бидат поуспешни. Исто така помага во спречувањето на мобинг во училиштата. Најдобрите претприемачи, лидери и менаџери се колнат во важноста на емпатијата и Данска се осигура дека нејзините идни генерации ќе бидат на добар пат кон успехот и среќата. Тинејџерите имаат голема корист од ваквите часови, бидејќи во тој период од живот често имаат тенденција да развиваат нарцистички карактеристики.
За време на наставата под називот Klassens tid, учениците се поттикнуваат да разговараат за проблемите со кои се соочуваат. Без разлика дали станува збор за активности во училиште или пак за некој друг начин, тие ги споделуваат проблемите, додека остатокот од одделението, заедно со наставникот, пронаоѓа можни решенија. Ова решение се темели на слушањето и многу разбирање, што им помага на учениците да бидат емпатични кон другите.
Доколку немаат одредени проблеми за кои би разговарале, едноставно тој час го поминуваат уживајќи и опуштајќи се. Работат на концептот под назив hygee, тесно е поврзан со данската култура. „Намерно направената интимност“ е можеби најдобриот начин да се објасни „hygge“. Данска е земја во која сонцето заоѓа прилично рано, а времето е прилично тмурно. Hygge значи данска топлина, пријателство и создавање на интимни атмосфери во која сите се добредојдени.Данците инстираат на hygge - поради својата благосостојба. А, светот исто така го прифаќа овој концепт. Инстаграм моментално има над три милиони објави кои го имаат хаштагот #hygge, додека Амазон продава над 900 книги за оваа тема.
Во училиштата се практикува и заедничкото учење. Учениците со различни предности и недостатоци во различни предмети работат заедно на проекти. Тоа им помага во подрачјата каде што се послаби, а истовремено ги поттикнуваат да бидат подобри. Заедничкото учење ги учи учениците дека успехот не се постигнува сан, а работата со други носи подобри резултати.
Децата во Данска се навистина весели на овие часови по емпатија. А, родителите се среќни со сознанието дека иднатата ќе биде со рацете на силни и емпатични луѓе.