Објавени се победниците на Huawei InFocus Awards 2019 за најдобра фотографија и видео

Објавени се победниците на Huawei InFocus Awards 2019 за најдобра фотографија и видео

Објавена во: После „Школо“ // PR

Заврши натпреварот на Huawei, InFocus Awards 2019 за мобилна фотографија и видеографија и објавени се најдобрите слики и видеа во шесте категории. Вкупниот број апликации за учество од сите земји во регионот е 123 478.

objaveni-se-pobednicite-na-huawei-infocus-awards-2019-za-najdobra-fotografija-i-video-01.jpg

Големиот победник е дело од Чешка што навистина го импресионираше стручното жири. Се вика „Den kdy se mi narodila dcera“ (Денот кога се роди ќерка ми) и е во категоријата Storyboard. Ова е една од најтешките категории, дури и за искусни фотографи, а во неа авторите треба да преработат значајна и фасцинантна приказна во колаж со 9 рамки. Победникот ќе добие награда од 10,000 американски долари, моќен лаптоп Huawei Matebook 13, модерен смарт часовник Watch GT и ваучер од 250 американски долари од Trip Advisor.

Од сите 123.000 пријави на глобално ниво, повеќето доаѓаат од Турција, Литванија, Полска и Бугарија. Покрај огромниот број учесници на натпреварот, има голем број на регистрирани гласови за „Наградата на публиката“ - вкупно 718 068.

Натпреварот на Huawei има 5 категории посветени на мобилната фотографија - #Emotion Tag, Hello, Life!, Faces, Going the Distance, Storyboard и една категорија посветена на мобилната видеографија - Life Now.

Големиот победник

Големиот победник доаѓа од Чешка и се претстави како „Czech_photo“. Покрај големите награди, фотографијата на победникот ќе биде објавена за една недела на почетната страница на TripAdvisor во Шведска, Полска, Данска, Австрија, Норвешка, Финска, Чешка, Грција, Унгарија, Израел, Србија, Словачка и Турција. Истиот автор е победник со уште две фотографии и во категоријата #Emotion Tag и во Storyboard.

Големата награда

Категорија: Storyboard

Наслов: Денот кога се роди ќерка ми

Автор: Czech_photo

Држава: Чешка

Популарниот фотограф Инер Торун, кој беше дел од жирито, ја претстави фотографијата: „Главниот фокус на фотографијата се емоциите и големиот победник открива многу од нив. Од тоа да чекаш во ходниците на болницата, до љубовта при првата средба во рацете на мајката. Овој состав на фотографии навистина ги допре нашите срца “.

objaveni-se-pobednicite-na-huawei-infocus-awards-2019-za-najdobra-fotografija-i-video-02.jpg

Наградата на публиката

Фотографијата „Fairy tale morning in Bucovina“ претставува едно од најубавите места во Романија. Фотографијата е на Дан Михаи Баланеску и отсликува прекрасно зајдисонце над источните Карпати. Авторот ќе добие Huawei P30 Pro и Watch GT. Фотографијата е рангирана на третото место во категоријата Going the distance.

Награда на публиката

Категорија: Going the distance

Наслов: Fairy tale morning in Bucovina (Утринска приказна во Буковина)

Автор: Дан Михаи Баланеску

Држава: Романија

objaveni-se-pobednicite-na-huawei-infocus-awards-2019-za-najdobra-fotografija-i-video-03.jpg

Победници во 6 категории 

Жирито, исто така, ги определи победниците во сите 6 категории. Тие ќе добијат 2000 евра, Huawei Matebook 13, Watch GT, Huawei P30 Pro и ваучер од Trip Advisor. Второпласираните места во секоја категорија добиваат Huawei P30 Pro, а финалистите на третото место добиваат Huawei P30.

#Emotion Tag

Во категоријата #Emotion Tag, авторите мораа да ги фатат спонтаните емоции на своите фотографски теми. Подолу можете да ги видите сите победници во категоријата:

Прва награда

Наслов: Cesta za snem... (Пат кон копнежот)

Автор: Czech_photo

Држава: Чешка

objaveni-se-pobednicite-na-huawei-infocus-awards-2019-za-najdobra-fotografija-i-video-04.jpg

Втора награда

Наслов: Togetherness (Сплотеност)

Автор:  irimia.andra

Држава: Романија

objaveni-se-pobednicite-na-huawei-infocus-awards-2019-za-najdobra-fotografija-i-video-05.jpg

Трето место

Наслов: Sister Love (Сестринска љубов)

Автор:  Gevatelem

Држава: Израел

objaveni-se-pobednicite-na-huawei-infocus-awards-2019-za-najdobra-fotografija-i-video-06.jpg

Faces

Во категоријата Faces се вбројуваат најдобрите портрети. Еве ги победниците:

Прво место

Наслов: “Myśli… duma… może marzy?” (Мисли… гордост… можеби сонува?)

Автор: Slodkisoschili

Држава: Полска

objaveni-se-pobednicite-na-huawei-infocus-awards-2019-za-najdobra-fotografija-i-video-07.jpg

Второ место

Наслов: Usta (Мајстор)

Автор: Adem Ağuş

Држава: Турција

objaveni-se-pobednicite-na-huawei-infocus-awards-2019-za-najdobra-fotografija-i-video-08.jpg

Трето место

Наслов: Sousedky (Соседи)

Автор: Milan Škop

Држава: Чешка

objaveni-se-pobednicite-na-huawei-infocus-awards-2019-za-najdobra-fotografija-i-video-09.jpg

Hello, Life!

Hello, Life! ги предизвикува уметниците да најдат убавина во секојдневните ситуации. Еве ги победниците:

Прво место

Наслов: Rainbow estate

Автор: ibreakphotos

Држава: Хрватска

objaveni-se-pobednicite-na-huawei-infocus-awards-2019-za-najdobra-fotografija-i-video-10.jpg

Второ место

Наслов: Surfer (Сурфер)

Автор: SAGITTA

Држава: Хрватска

objaveni-se-pobednicite-na-huawei-infocus-awards-2019-za-najdobra-fotografija-i-video-11.jpg

Трето место

Наслов: Going commando

Автор: alexandru.popa

Држава: Романија

objaveni-se-pobednicite-na-huawei-infocus-awards-2019-za-najdobra-fotografija-i-video-12.jpg

Storyboard

Категоријата во која авторите треба да преработат значајна и волшебна приказна во колаж од 9 рамки. Еве ги луѓето што ги освоија наградите во оваа категорија:

Прво место

Наслов: Výlov Jaroslavického rybníka (Лов на езерото)

Автор: Czech_photo

Држава: Чешка

objaveni-se-pobednicite-na-huawei-infocus-awards-2019-za-najdobra-fotografija-i-video-13.jpg

Второ место

Наслов: Live music being born (Музиката во живо се раѓа)

Автор: Danyhella

Држава: Чешка

objaveni-se-pobednicite-na-huawei-infocus-awards-2019-za-najdobra-fotografija-i-video-14.jpg

Трето место

Наслов: Game Of Drone

Автор: storyinmyeyes

objaveni-se-pobednicite-na-huawei-infocus-awards-2019-za-najdobra-fotografija-i-video-15.jpg

Going the Distance

Going the Distance е категорија наменета за љубителите на патувања и убавите места. Еве неколку фотографии кои го воодушевија жирито:

Прво место

Наслов: Empty stadium 1 (Празен стадион)

Автор: Mara Ciubotaru

Држава: Романија

objaveni-se-pobednicite-na-huawei-infocus-awards-2019-za-najdobra-fotografija-i-video-16.jpg

Второ место

Наслов: Spring of Life / Tree of Hope

Автор: Acinom

Држава: Романија

objaveni-se-pobednicite-na-huawei-infocus-awards-2019-za-najdobra-fotografija-i-video-17.jpg

Трето место

Наслов: Fairy tale morning in Bucovina

Автор: Дан Михаи Баланеску

Држава: Романија

objaveni-se-pobednicite-na-huawei-infocus-awards-2019-za-najdobra-fotografija-i-video-18.jpg

Life Now

Видео категоријата Life Now им овозможува на љубителите на видео да влезат во видео трката од 30 секунди, што треба да го импресионира професионалното жири. Еве ги победниците:

Прво место

Наслов: The best moments of life

Автор: Ivan Sholudko

Држава: Украина

https://campaign.consumer.huawei.com/infocusawards/eu/view/71966

Второ место

Наслов: In Clouds

Автор: Bartosz Chmielewski

Држава: Полска

https://campaign.consumer.huawei.com/infocusawards/eu/view/54809

Трето место

Наслов: Gün batımı ve gece ışıkları (Зајдисонце и ноќните светлини)

Автор: Aysun Şahin

Држава: Турција

https://campaign.consumer.huawei.com/infocusawards/eu/view/26644

Тешкиот избор 

Панелот на експерти, кои работеа во тешкиот избор на сите победници во различните категории, се состои од: Yanmin Wang, претседател на Huawei Consumer Business Group Huawei CEE & Nordic, Marcin Tyszka, полски моден фотограф кој работи со Marie Claire, Harper’s Bazaar, Glamour, Elle, Vogue, Nikolaj Thaning Rentzmann, дански фотограф, познат по sвездените портрети и пејзажи на социјалните мрежи, Ema Svensson, шведска фотографка која патува низ целиот свет во потрага по најдобрите луѓе, Yener Torun, архитект и фотограф што ги трансформира урбаните опкружувања со својата боја во апстрактни геометриски решенија и VuThéara Kham, француски фотограф со потекло од Камбоџа кој живее во Париз.

Поглед насочен кон развој на мобилната фотографија и видеографија

Натпреварот Huawei InFocus Awards докажува дека одлична фотографија може да се направи без специјализирана опрема за фотографирање. Со својата P серија на паметни телефони и најновиот Huawei P30 Pro, компанијата е во срцето на развојот на мобилната фотографија, што ни овозможува да снимаме одлични снимки во секој момент.

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: