Облече нешто што на жена од 47 години не ѝ е дозволено, а изгледа како божица: Залижана коса, виолетов кармин и црн фустан

Облече нешто што на жена од 47 години не ѝ е дозволено, а изгледа како божица: Залижана коса, виолетов кармин и црн фустан

Објавена во: Живот // Живот

Пенелопе Круз плени со својата единствена и природна убавина дури и во доцните четириесетти години...

Актерката Пенелопе Круз (47) се појави на отворањето на Филмскиот фестивал во Венеција. За таа прилика, таа изгледаше драматично во монохроматски фустан, со бел тул на краевите.

Пенелопе важи за актерка која природно старее. На филмовите, но и за време на премиерата брчките ѝ беа јасно видливи на лицето. И овој пат актерката не сакаше да изгледа поинаку.

И покрај фактот дека на жените над четириесет години не им се препорачува да го откријат лицето, да носат темна шминка и фустани, бидејќи тоа додава години - Пенелопе го направи токму тоа.

Црната коса ја имаше залижано во ниска пунџа, имаше виолетов кармин на усните и носеше прекрасен фустан од Шанел.

Овој двобоен фустан е од колекцијата на Шанел за есен 2021 година. Црн, тесен, со широки прерамки и „искинато“ здолниште од кое извира бел тул, фустанот е како да е создаден за црвениот килим.

фото: Profimedia

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: