Облечи јакна аман, таму зима е: И во роденденска порака за својот син, Дани Димитровска покажа дека е грижлива мајка (ФОТО)
И оваа година му упати емотивни зборови на својот син единец...
Пејачката Дани Димитровска е една од оние познати личности, која приватниот живот го крие како „змија нозете“. Сакајќи да ги заштити своите најблиски членови на семејството од љубопитните погледи на јавноста, таа многу ретко споделува заеднички моменти со нив.
Но, иако внимава на тоа што објавува, сепак еден голем повод беше причината за да сподели фотографии од нејзиниот наследник Лазар, кој моментално е на студии надвор од нашата држава. Имено, синот на Дани вчера наполни 22 години, а гордата мајка го искористи денот за да напише неколку емотивни зборови и да открие како го одбележале овој ден.
„На дешен ден те доби светот. За мене претставуваш поим за чиста љубов без правила и очекувања. За себе биди најдобриот. Среќен 22-ри роденден, сине! П.С. Облечи јакна аман, таму зима е! Вдиши, издиши, вдиши... светот ти е на дланка“ - напиша Дани покрај фотографијата на која позира нејзиниот син единец.
фото: Принтскрин / Инстаграм