Обожавателите ја молат да го остави: Тревис Скот лудува на забави додека Кајли се грижи за бебето
Кајли Џенер на 2 февруари стана мајка на своето второ дете Вулф и моментално е окупирана со тоа што подобро да го запознае и да ужива во првите денови од мајчинството. За разлика од неа, Тревис Скот ја менува ноќта за ден и со часови се забавува, нешто што на обожавателите на Кајли не им се допаѓа.
Имено, Тревис во неделата е виден со девојката која личи на Ким Кардашијан, и тие двајца лудувале цела ноќ со музика. Тревис воопшто не се грижеше за тоа што стана татко на второто дете. „Ова се случи и кога се роди Сторми и повторно му е сѐ простено“ - пишуваат обожавателите на Редит, кои се поприлично разочарани.
Кајли има обожаватели кои секогаш се тука да ја поддржат и одбрана, а иако знаат дека Тревис е таткото на нејзините деца, тие строго го осудуваат неговото однесување, кои се карактеризира со неодговорност, со оглед на тоа дека станал татко пред неколку дена.