Обожавателите на „Bridgerton“ се загрижени: Започна снимањето без две главни актерки (ВИДЕО)

Обожавателите на „Bridgerton“ се загрижени: Започна снимањето без две главни актерки (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Дали тоа значи дека повеќе нема да ги гледаме?

Сега и официјално започна снимањето на третата сезона на серијата „Bridgerton“. Секоја сезона ги освојува гледачите и епизодите се гледаат со брзина на светлината. За нив, најлош период е оној додека ја чекаат следната сезона.

Секоја сезона од оваа серија е комплицирана, така што ја следи љубовната приказна на еден од главните ликови. Во втората сезона тоа беше Ентони Бриџертон, а во оваа која сега почна да се снима, во фокус ќе бидат Пенелопе и Колин. Нивната љубовна приказна ќе биде посебно интересна, бидејќи моментално се на лизгава територија, барем така не оставија на крајот на последната сезона. Дали ќе завршат заедно или сето тоа ќе остане само на пријателство? Ќе мора да почекаме до објавувањето на новата сезона. Уште не се знае кога ќе биде објавена, но не се надевајте премногу, бидејќи снимањето само што започна.

Она што ги загрижи некои обожавали е тоа што недостасуваат две главни актерки. Нетфликс објави краток трејлер со кој најави дека снимањето започнало и во тоа видео можеа да видат дека доаѓаат три нови ликови, но и дека два кои ги обожуваме, не се појавија ниту во еден момент.


Каде се Дафне Бриџертон и Кејт Шарма? Ги нема во трејлерот и обожавателите се загрижени дали тоа е некоја суптилна порака и дека нема да ги гледаме во новата сезона? Ниту Нетфликс, ниту актерките засега не кажаа ништо за тоа, а Симон Ешли која ја глуми Кејт, дури се откажа од својата улога во „Sex Education“, по што сите претпоставуваа дека оваа одлука ја донела за да може да се фокусира на „Bridgerton“.

Сега повеќе никој не е сигурен дали тоа е причината или нешто друго. Со оглед на тоа што уште нема ништо најавено, сите се надеваат дека не заминале. Можеби девојките само не се појавиле на почетокот на снимањето и во деновите кои следуваат ќе ѝ се придружат на останатата екипа. Се надеваме дека ќе ги видиме и во новата сезона. Со оглед на тоа колку гледачите ја обожаваат Кејт, би било вистинска штета толку брзо да останат без неа.

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: