Обожавателите на One Direction се пресреќни: Открија знаци кои упатуваат на повторно обединување на бендот

Обожавателите на One Direction се пресреќни: Открија знаци кои упатуваат на повторно обединување на бендот

Објавена во: Stars // Музика

Дали е можно?

Секој обожавател на One Direction сонува за денот кога момците повторно ќе се обединат. Иако тоа изгледа како невозможно и само сон, овие денови почнаа да се случуваат чудни работи кои откриваат дека ова можеби сепак не е толку луд сон.

Обожавателите на One Direction овие денови се навистина изненадени. Не знаат што се случува, а изгледа дека се случува нешто големо. Можеби дојде крај на чекањето на повторното обединување на момците. Барем на една вечер. За нивната годишнина се зборуваше за тоа, но испадна дека сепак нема ништо да се случи. Смислија само различни интерактивни содржини за обожавателите на својата страница. Но, сега работите се поинакви.

Една девојка се опседна со истрагата за тоа дали има надеж за повторно обединување и сега таа можност изгледа како многу веројатна. Џејмс Корден е добро познато име, како и неговото „Late Late Show“ и „Carpool Karaoke“. Со оглед на тоа што на неговите емисии доаѓа крај, многумина се уверени дека планира да замине со стил. За крај да ги обедини One Direction. Звучи лудо, но постои доказ и знаци дека нешто се подготвува.

@helpmejeffree SOMEONE PLEASE EXPLAIN HOW THIS HAS BECOME MY LIFE        #harrystyles #louistomlinson #larrystylinson #larry #jamescorden #hshq #lgbtq Love Of My Life - Harry Styles

Тој објави твитови со назив „Calm Before the Storm“, наговестувајќи нешто големо. Хари Стајлс го уловија дека снима нешто со него минатата недела, а потоа и Луис го објави истиот твит како Џејмс. Имаше приказни дека токму во тоа време кога би требало да се снима епизодата, за чудо, сите имале слободен ден и се наоѓале во истиот град, дури и оние кои се на турнеја. Се очекува барем заеднички настап. Дефинитивно изгледа како сето ова да не е случајност. Дали обожавателите се во право или сето ова е само уште една лажна тревога, останува да видиме наскоро.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: