Обожавателите се бесни: Кајли Џенер користи филтер додека ја реклами својата шминка
Кајли Џенер, како и остатокот од нејзиното Кардашијан - Џенер семејството, обожува да си игра со филтерите и фотошопот, и тоа е вистина која повеќе ни тие самите не можат да ја демантираат, бидејќи повеќе пати се исмевани и критикувани. Сепак, би требало да се знае дека продажбата на шминка е активност во која употребата на филтри нема смисла, бидејќи шминката го менува нашето лице исто колку и филтерот, кој потоа ја модифицира кожата. Кајли очигледно го нема разбрано ова!
Како што ќе видите во видеото во продолжение , Кајли во новата објава за својата колекција се смешка додека го има активирано филтерот кој ѝ дава „сјај во очите“ иова видео изгледа фејк и не ја прикажува шминката автентично. „Моите производи се чисти, вегански, преубави, просто знам дека ќе ги сакате“ - вели таа, но каде е реалнио изглед на производот? Ова прашање си го поставуваат многумина, а многу обожавателите на Кајли се веќе разочарани од овој потег.