Обожавателите се изненадија: Ким Кардашијан покажа како ѝ изгледаат природните трепки

Обожавателите се изненадија: Ким Кардашијан покажа како ѝ изгледаат природните трепки

Објавена во: Мода // Moj стил

Еве како ѝ изгледаат природните трепки?

Иако сме навикната да ја гледаме Ким Кардашијан апсолутно средена, некогаш на своите следбеници им покажува како изгледа без шминка. На Интернет сега се шири едно кратко видео во кое покажа како природно ѝ изгледаат трепките.

Знаеме дека нејзините фотографии се уредени, потоа дека има многу шминка која ѝ помага да изгледа што подобро од раното утро кога ќе стане, па сѐ до вечерта, бидејќи постојано е на социјалните мржеи и под светлата на рефлекторите. Нејзината работа е да изгледа добро. Пред неколку години покажа како навистина ѝ изгледа кожата кога е нападната од кожната болест псоријаза од која боледува. Покажа дека не изгледа секогаш како на фотографиите, а сега покажа и како ѝ изгледаат природните трепки. Изгледа дека никој не го очекуваше ова, бидејќи за краткото видео во кое го покажа тоа, не престанува да се зборува. Станува збор за видео во кое таа се шминка. Кога доаѓа до пределот на очите и виткањето на трепките, пред да стави маскара, покажа како ѝ изгледаат без никакви производи.

@kardashianicon Reply to @f4irycloe  She nearly ripped them out #kimkardashian #lashes #foryoupage #viral original sound - kardashianicon

Волку долги трепки ретко кој има, и тоа без грам шминка или било какви надоградби. Во видеото дури почнува да ги влезе за луѓето да може да видат дека нема што да испадне и дека тоа се навистина нејзините природни трепки. Попрво би очекувале да има многу лоши трепки, отколку ова. Сепак, еден нејзин обожавател објасни за што станува збор.

Тој смета дека тоа е поради нејзиното потекло, бидејќи Ким и нејзиното семејство имаат ерменско потекло и корени. Многумина веруваат дека тоа се должи на дел од генот, поради кој природните трепки ѝ изгледаат вака.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: