Обожавателите се уверени дека тука има нешто: Клои Кардашијан и познатиот актер изгледаат многу блиски на фотките
Откако поранешниот ја изневери, сите сакаат Клои конечно да пронајде љубов...
Не се оддалечуваа едне од друг! Клои Кардашијан нема многу среќа во љубовта. Тристан Томпсон и таа беа во врска многу години, но со многу паузи, а сето тоа поради неговото недискретно изневерување. Сега таа врска е завршина, а Клои и понатаму бара љубов.
И додека Ким сега „брка“ адвокати и доктори како потенцијални партнери за следната врска, Клои е насочена кон еден познат актер. Во текот на викендот сестрите Кардашијан беа во Милано, каде што се одржа Модната недела, настан кој го посетија многу љубители на модата. Тие присуствуваа на модни ревии, се дружеа со познати ѕвезди, а она што навистина им го привлече вниманието на сите е колку биле блиски Клои и познатиот актер. Мишел Мороне, познат по улогата во филмот на Нетфликс „365 Days“, стана миленик на девојките, а изгледа дека е миленик и на Клои. Тие двајца не се одделуваа еден од друг, а дури изгледаа и многу блиски.
Фотографите викендов постојано ги уловуваа заедно, а токму поради тоа што изгледаа толку блиски, обожавателите веднаш почнаа со теориите дека тука нешто се случува. Малите допири помеѓу нив не поминаа незабележано,а на сите им изгледа дека тука би можело да се случи и нешто повеќе. Обожавателите се надеваат дека ова ќе стане вистинска љубовна приказна.
Khloé Kardashian e Michele Morrone durante o “After Party” na Itália - 24 de setembro. pic.twitter.com/m4axDQqiG5
— Khloé Kardashian Brasil (@khloedashbra) September 25, 2022
фото: Принтскрин / Инстаграм