Обожавателите уверини: Џастин и Хајли ќе станат родители
Гласините за приновата во семејството Бибер секојдневно се зголемуваат. Како што веќе пишувавме, Џастин порано зборуваше дека оваа одлука е оставена на Хајли, која сака да успее уште повеќе во својата кариера пред да се посвети на мајчинството. Сепак, новата фотографија на Инстаграм предизвика разни шпекулации околу нивната можна принова.
Џастин на својот Инстаграм профил сподели фотографија од него и Хајли, на која тој ја бакнува насмеаната сопруга. На црно белата фотографија Хајли го држи нивното куче, додека Џастин ја бакнува и прегрнува.
Џастин покрај оваа фотографија напиша: „За вакви ноќи сонував со години. Доколку вчера бевте кај мене, знаете за што зборувам.“
Џастин во описот го искористи зборот „crib“ што може да се однесува на неговиот дом, но и за детско креветче, зависно од контекстот во кој се користи.
Од таа причина обожавателите почнаа да шпекулираат за можна принова: „Хајли е сигурно бремена.“, „Бремена??“, „Ох, мој Боже, бебето Бибер е на пат!“....
Иако Џастин и Хајли имаат многу причина за среќа, повторно се вплеткани во драмата со поранешната девојка на пејачот, Селена Гомез. Имено, обожавателите константно ги ставаат во лоша позиција и ги претставуваат Селена и Хајли како ривали.