Обожавателите воодушевени: Селена Гомез ја доби својата прва номинација за Греми!
Време е да се прослави за Селена Гомез! „The Recording Academy“ објави дека пејачката е номинирана за нејзиниот латино албум „Revelación“. Актерка, пејачка, продуцент, најдобра пријателка на Тејлор Свифт, готвачка, а сега покрај Селена може да се додаде и „номинирана за Греми“ на листата признанија. Честитаме!
Обожавателите колективно се радуваа кога пејачката беше номинирана за својот поп латино албум „Revelación“, вчера на 23 ноември. Албумот беше објавен во март, што е прв проект на Селена на кој песните се на шпански јазик. Инаку, порано оваа година ѝ ја донесе на Селена првата номинација за музички спот на најавната песна „De Una Vez“. Оваа голема чест доаѓа по повеќе од седум месеци, кога пејачката за „Вог“ кажа дека размислува за тоа да се повлече од музиката.
„Дали се шегувате?!“ - напиша Селена откако беше номинирана за најдобар поп латино албум.
„Revelación е номиниран за Греми! Овој проект за мене е толку посебен од многу причини и не би можела да го остварам без неверојатниот тим на луѓе покрај мене. Засекогаш сум благодарна на секој од вас и секако на моите обожаватели“ - додаде пејачката во својата објава на Инстаграм.