Образовниот процес ќе започне од 1 октомври: Црна Гора го одложи почетокот на учебната година
Почетокот на учебната година во Црна Гора е одложен за еден месец, до 1 октомври, соопштено е од Министерството за образование.
„Почетокот на учебната година, по препорака на Институтот за јавно здравје, е одложен за 1 октомври, поради проценката на здравствените власти дека регуларниот почетокот на учебната година, за кој образовниот систем бил подготвен, носи ризик по здравјето на децата поради неизвесниот развој на епидемиолошката ситуација која, иако е под контрола, се уште не е смирена“ - се наведува во соопштението.
Одлуката за одложување се однесува на училиштата и градинките, а во наредните денови Институтот за јавно здравје и претставниците на образовниот систем ќе ги дефинираат препораките на основа на која детално ќе биде објаснет начинот на организација на наставата во училиштата и градинките, кога ќе дојде време за тоа.
Тие додаваат дека додека трае прекинот на воспитно - образовниот процес, ќе се применуваат порано утврдените мерки за плането отсуство на родителите на деца не постари од 11 години, со исклучот на вработените во оние сектори, кои се проценети како неопходни во овој период.
За ваквата одлука, која е, како што појаснуваат, донесена исклучиво со цел да се заштити здравјето на децата, претходеше консултација со претставниците на сите релевантни институции: Министерството за здравје, Институтот за јавно здравје, Министерството за финансии, Министерството за економија и Министерството за образование.