Оценките од првите три тримесечја пресудни за завршната оценка на учениците

Оценките од првите три тримесечја пресудни за завршната оценка на учениците

Објавена во: Совети // School zone

„Доколку ситуацијата не дозволува учениците да се вратат во училниците до крајот на тековната наставна година, завршните сумативни оценки ќе бидат засновани на резултатите што ги постигнале учениците во текот на целата година, преку редовна настава, како и преку активното учество на онлајн платформите и мрежите, електронското портфолио или друго средство за бележење на трудовите на учениците, белешките водени од наставниците коишто можат да се добијат преку разни видиови размена на трудови што учениците можат да им ги обезбедат на наставниците преку е-пошта или во рамките на избраната мрежна платформа.“ - стои во упатството за начинот на оценување на наставниците, кое го го има на веб страницата на Министерството за образование и наука.

Исто така, се напоменува дека клучна улога во завршните оценки ќе имаат и оценките од првото тримесечје, првото полугодие и третото тримесечје. Учениците од прво до трето одделеление ќе добијат описна оценка, а оние од четврто и деветто бројчана, како и учениците од средните училишта. 

За времетраењето на вонредната состојба, оценките за далечинско учење, односно учење од дома, наставниците ќе ги внесуваат во е - дневникот.

Целосното упатство, како и целосниот начинот на оценување и работа може да го прочитате ТУКА.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: