Очајна сум, ќе одговара оној што треба: Мајката на покојната Кика по два месеци од смртта на јутјуберката се огласи со потресна порака
Смртта на младата јутјубер и инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ пред два месеци го потресе регионот, а сега нејзината мајка Наташа Ѓукиќ Величковиќ повторно се огласи.
Наташа вели дека уште не е позанто под кои околности починала нејзината ќерка, бидејќи токсиколошките наоди уште не стигнале.
„Поминаа веќе два месеци откако ја нема нашата Кика. Секој ден добивам десетина прашања што и како се случило и затоа не се огласувам, но клучните одговори ги нема никој во семејството“ - напиша на социјалните мрежи мајката на Кика, па додаде:
„Иако поминаа два месеци, токсиколошкиот наод кој е клучен фактор, уште не дојде, а од полицијата не добивме информации во врска со истрагата и што се случило таа кобна ноќ. Ни недостасуваат многу информации за да создаде слика, но тие не ни се достапни.“
Мајката на покојната јутјуберка најави дека сите детали ќе ги изнесе во јавноста, секако кога ќе ги дознае.
„Кога семејството ќе ги има неопходните информации, ќе се огласам за сѐ, бидејќи не сакам да ве оставам во тишина и ќе одговара оној кој треба да одговара. Бесна сум, очајна и скршена“ - порача Наташа Ѓикиќ Величковиќ.
Да потсетиме, Кристина Кика Ѓукиќ на 8 декември минатата година беше пронајдена мртва. Беше српска гејмерка, јутјуберка и инфлуенсерка, чиј канал на Јутјуб „K1KA“ брои околу 700.000 следбеници. Родена е на 25 јули 2000 година во Белград.
Таа долго се бореше со притисокот на јавноста, а како што кажа една нејзина соработничка, со години водела борба со булингот, вид на насилство на социјалните мрежи.
фото: Принтскрин